Правила и услови
Мој Консултант претставува прв консултант базиран на вештачка интелигенција AI. Мој консултант е Chat асистент базиран на вештачка интелигенција, трениран да одговара на прашања во врска со даночната регулатива во Република Македонија. Веб страната mojkonsultant.mk претставува online база на информации која е составена од (сметководствени книжења, прашања и одговори, теркови и обрасци, прописи, калкулатори, уплатни сметки, шифри, информативни написи, месечни информатори и друго).
Прирачник за годишна сметка и даночен биланс
Прирачникот за годишна сметка и даночен биланс – електронско издание претставува е-прирачник за изработка на годишна сметка и даночен биланс со примери и со додатоци ексел калкулатори и теркови за изработка на финансиски анализи.
База на сметководствени книжења
Базата на книжења е составена од сметководствени книжења на разни сметководствени ситуации и документации, категоризирана според класи (од класа 0 до класа 9). Книжењата се претставени преку примери од секојдневното работење на компаниите и начин на книжење на примерот даден во табела.
База на информации
Во базата на информации може да најдете информации од интерес на сметководителите и овластените сметководители како податоци за плата по месеци, дневници за службен пат во земјата и во странство, цени на гориво, уплатни сметки за јавни приходи, шифри за плаќање, амортизациони стапки и слично).
Е-калкулатори
Во нашата база ќе најдете е-калкулатори за пресметка на плати и придонеси, камата, мдб и сл.
База на прописи
Базата на прописи е составена од законски прописи ( основни закони, измени и дополнувања и пречистени текстови) како и подзаконски акти, колективни договори. Во базата ќе бидат опфатени неколку категории од интерес на сметководителите и овластените сметководители.
База на теркови и обрасци
Оваа база претставува база во која се прикажани обрасци и теркови за изготвување на документи од сите области на работа како човечки ресурси, трговски друштва, договори, даноци и друго. Терковите може да се прегледуваат и спуштаат во текст форма. Постои и можност на ваше барање да изготвиме терк кој не е во база.
База на прашања и одговори
Претставува база на одговорени прашања од областа на сметководство, даноци и право, категоризирани во категории со што многу лесно може да дојдете до одговорот на бараното прашање. Базата на прашања и одговори се надополнува постепено со прашањата кои ги одговараме на нашите корисници.
ПРЕТПЛАТА
Дел од содржините на веб страната се отворени за користење за сите. Пристапот до содржините на е-базите на веб страната е дозволен само за регистрирани корисници. Начинот на регистрација, видовите на претплата и слични информации може да добиете на линкот претплата.
ВИДОВИ НА ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА
- Годишна претплата за сметководствени друштва изнесува 9.000 денари + 18% ДДВ.
- Годишна претплата за Компании и Јавни претпријатија изнесува 15.000 денари + 18% ДДВ за еден корисник. За секој нареден корсисник од исто правно лице се добива попуст од 30%.
НАПОМЕНА: Мој консултант ви нуди и регистрација со пробен период од 15 дена бесплатно користење на нашата платформа. Доколку сакате да добиете бесплатен пристап од 15 дена ве молиме изберете го тоа во формата за регистрација, или јавете се или пишете ни на нашиот маил.
Податоци за плаќање:
Глобал Гроуп Консалтинг ДОО Скопје
ул. Тодор Паница бр.7/1-15
жиро сметка 200003332266115
Стопанска Банка АД Скопје.
Цел на дознака: годишна претплата
Маил: [email protected] Тел: 02/5126-533 моб: 075/709-399.
НАПОМЕНА
Содржините објавени на веб страната се од информативен карактер и им служат на корисниците на веб страната како насоки или примери. Секој поединечен случај во пракса има свои карактеристики и е посебен, затоа наша препорака е при користење на содржините на страната да се консултирате со експерт од областа (овластен сметководител, адвокат и слично).
mojkonsultant.mk цели кон презентирање на точни и вистинити информации од областа на сметководството и правото, и со нивното користење вие прифаќате и се согласувате дека веб порталот mojkonsultant.mk и ГЛОБАЛ ГРОУП КОНСАЛТИНГ ДОО Скопје и сите вработени не преземаат никаква одговорност за евентуални грешки во содржините на веб страната или на било која од информациите кои се наоѓаат на https://mojkonsultant.mk.
Chat асистентот Мој консултант се базира на вештачка интелигенција и во позадина користи технологија на Chat Gpt, моделот е трениран да одговара на прашања и одговори од областа на даночната регулатива. Одговорите на асистентот се базираат пред се на текстовите и тренирањето од наша страна и истиот не користи податоци од интернет. И покрај многубројните тестирања на асистентот, во секој слуај истиот може да даде погрешни одговори на вашите прашања. Глобал Гроуп Консалтинг и сите членови немаат никаква одговорност за тоа. За да го дознаете точниот одговор, задолжително консултирајте се со консултант или професионалец од соодветна област или прочитајте го соодветниот закон или правен акт.
Користењето на информациите кои се наоѓаат на веб страната mojkonsultant.mk го правите на сопствена одговорност, со тоа што сајтот и неговите сопственици не можат да се сметаат за одговорни за било каков вид на штета настаната од нивното користење.
Не е дозволено преземање и копирање на содржини или делови од нив без претходна согласност од mojkonsultant.mk. Терковите и обрасците се поставени на тој начин што лесно може да се симнуваат. Корисниците може да ги користат содржините на страната единствено за нивни потреби и потребите на нивните клиенти. Содржините на страната во никој случај не може да се користат во комерцијални цели. За неовластено преземање и користење на содржините на веб страната, mojkonsultant.mk ќе ги преземе сите законски мерки за заштита на авторско право.
Сопственици на веб порталот mojkonsultant.mk се ГЛОБАЛ ГРОУП КОНСАЛТИНГ ДОО Скопје.
mojkonsultant.mk го задржува правото за менување и дополнување на правилата и условите за користење на веб страната, без претходно најавување или информирање на корисниците.