Претплата

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА 2024

Smetkovoditeli.com.mk претставува најголемата е-база на информации за сметководители, овластени сметководители и работници во сектор финансии и сметководство. Е-базата е составена од база на сметководствени книжења, база на информации (податоци за плата, МДБ, уплатни сметки, шифри за плаќање, дневници за службени патувања, цени на гориво и слично), база на прописи, база на теркови и обрасци, информативни написи , е-калкулатори  за пресметка на плати и други надоместоци, каматни стапки, мдб и слично.

Глобал Гроуп Консалтинг претставува реномирано Друштво за консалтинг и ревизорски услуги. Друштвото е лиценцирано за  одржување на КПУ Обуки за сметководители и овластени сметководители од страна на Институтот за сметководители и овластени сметководители ИСОС. 

Што добивате со годишната претплата на Smetkovoditeli.com.mk ?

 Информативни написи

Информативни написи (сметководство, даноци и право) во кои ќе се обработуваат актуелности како и теми од интерес за секојдневното работење на сметководителите и овластените сметководители. 

Прирачник за годишна сметка и даночен биланс

Прирачникот за годишна сметка и даночен биланс – електронско издание ќе претставува е-прирачник за изработка на годишна сметка и даночен биланс со примери и со додатоци ексел калкулатори и теркови за изработка на финансиски анализи.

База на сметководствени книжења

Базата на книжења е составена од сметководствени книжења на разни сметководствени ситуации и документации, категоризирана според класи (од класа 0 до класа 9). Книжењата се претставени преку примери од секојдневното работење на компаниите и начин на книжење на примерот даден во табела.

База на информации

Во базата на информации може да најдете информации од интерес на сметководителите и овластените сметководители како податоци за плата по месеци, дневници за службен пат во земјата и во странство, цени на гориво, уплатни сметки за јавни приходи, шифри за плаќање, амортизациони стапки и слично).

Е-калкулатори

Во нашата база ќе го најдете најсовремениот калкулатор за пресметка на плата од нето во бруто плата со пресметка на сите додатоци. Калкулатори за данок на личен доход (од работа, од капитал, од закуп и сл.), камата, мдб и сл.

База на прописи

 Базата на прописи е составена од законски прописи ( основни закони, измени и дополнувања и пречистени текстови) како и подзаконски акти, колективни договори. Во базата се опфатени неколку категории од интерес на сметководителите и овластените сметководители.

База на теркови и обрасци

Оваа база претставува база во која се прикажани обрасци и теркови за изготвување на документи од сите области на работа како човечки ресурси, трговски друштва, договори, даноци и друго. Терковите може да се прегледуваат и спуштаат во текст форма. Постои и можност на ваше барање да изготвиме терк кој не  е во база.

 

НАЈДИ СМЕТКОВОДИТЕЛ 

НАЈДИ СМЕТКОВОДИТЕЛ претставува најкористената алатка за пребарување на сметководствени бизниси во Македонија. Нашите експерти и нашите реклами, доведоа до тоа НАЈДИ СМЕТКОВОДИТЕЛ да е највисоко рангиран на пребарувачот google при пребарување со зборовите сметководител, smetkovoditel, најди сметководител во Скопје, Битола, Охрид или било коој друг град во Македонија. Друштвата и ТП овластени сметководители, со избор на една од годишните претплати добиваат бесплатен профил на НАЈДИ СМЕТКОВОДИТЕЛ.

Одлучивме да поставиме 4 видови на годишни претплати со цел намалување на цената на годишна претплата за друштвата за вршење на сметководствени работи како и за сметководителите и овластените сметководители вработени во компании. Подолу се претставени видовите на претплата. 

 

ВИДОВИ НА ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: