За нас

Кои сме ние?

Нашиот аистент Мој консултант претставува прв Chat асистент базиран на Вештачка интелигенција за одговор на прашања од областа на даночна политика во Македонија. Нашата веб платформа воедно претставува и богата база на информации за сметководители, овластени сметководители и вработени во сектор финансии и сметководство. Базата е составена од база на сметководствени книжења, база на информации (податоци за плата, МДБ, уплатни сметки, шифри за плаќање, дневници за службени патувања, цени на гориво…), база на прописи, база на теркови и обрасци, информативни написи, калкулатори  за пресметка на плати и други надоместоци, каматни стапки, мдб и слично.

 

ГЛОБАЛ ГРОУП КОНСАЛТИНГ ДОО Скопје претставува реномирана компанија која нуди за бизнис консалтинг (даночен, економски и правен консалтинг), ревизорски услуги, сметководствени услуги и правни услуги.
Вработените во компанијата и нејзините надворешни стручни соработници се експерти во својата област и благодарение на нивната стручност и ефикасна работа, компанијата брои голем број на задоволни клиенти. Честите промени на Законската регулатива и нивното следење го преокупираат работното време на денешните претприемачи.
Нашата мисија е ажурно следење на законските измени и навремено и ажурно информирање на нашите клиенти околу настанатите измени и нивното влијание врз нивната секојдневна работа. Ние нудиме професионален пристап, ефикасност, ефективност, ажурност и водиме комплетна грижа за правилна и законска работа на нашите клиенти.

НАШИ КОНТАКТИ

Телефони: 02/5126-533, Претплата: 075/709-399, Совети: 078/332-350, 078/289-005.

Маил адреси: [email protected], [email protected], [email protected], [email protected], [email protected], [email protected].

Што добивате со годишната претплата на Mojkonsultant.mk ?

Одговор на прашања – консултации со нашиот виртуелен AI асистент Mojkonsultant- како и телефонски консултации и консултации со маил комуникација со нашиот тим.

Информативни написи (сметководство, даноци и право) во кои ќе се обработуваат актуелности како и теми од интерес за секојдневното работење на сметководителите и овластените сметководители. Овие информатори ќе ги издаваме во електронска форма и ќе ги објавуваме на нашата страна.

Пристап до веб локација за изработка на годишна сметка

Нашите корисници добиваат пристап до веб локација за изработка на годишна сметка и финансиски извештаи која вклулува:

  1. Excel алатка за составување на годишна сметка од Бруто Биланс,
  2. Е- Алатка за конвертирање на Excel во xml и прикачување на на веб страна на Централен регистар,
  3. Прирачник за изготвување на годишна сметка и финансиски извештаи,
  4. Прирачник за даночен биланс,
  5. Пречистени текстови на законски прописи кои се однесуваат на годишна сметка и
  6. Теркови и обрасци во врска со годишна сметка и финансиски извештаи.
База на сметководствени книжења

Базата на книжења е составена од сметководствени книжења на разни сметководствени ситуации и документации, категоризирана според класи (од класа 0 до класа 9). Книжењата се претставени преку примери од секојдневното работење на компаниите и начин на книжење на примерот даден во табела.

База на информации

Во базата на информации може да најдете информации од интерес на сметководителите и овластените сметководители како податоци за плата по месеци, дневници за службен пат во земјата и во странство, цени на горивоуплатни сметки за јавни приходи, шифри за плаќањеамортизациони стапки и слично).

Калкулатори

Во нашата база ќе го најдете најсовремениот калкулатор за пресметка на плата од нето во бруто плата со пресметка на сите додатоци. Калкулатори за данок на личен доход (од работа, од капитал, од закуп и сл.), камата, мдб и сл.

База на прописи

Базата на прописи е составена од законски прописи ( основни закони, измени и дополнувања и пречистени текстови) како и подзаконски акти, колективни договори. Во базата се опфатени неколку категории од интерес на сметководителите и овластените сметководители.

База на теркови и обрасци

Оваа база претставува база во која се прикажани обрасци и теркови за изготвување на документи од сите области на работа како човечки ресурси, трговски друштва, договори, даноци и друго. Терковите може да се прегледуваат и спуштаат во текст форма. Постои и можност на ваше барање да изготвиме терк кој не е во база.

Консултации на маил или телефон.

 

Smetkovoditeli.com.mk

НАЈДИ СМЕТКОВОДИТЕЛ – Smetkovoditeli.com.mk претставува најкористената алатка за пребарување на сметководствени бизниси во Македонија. Нашите експерти и нашите реклами, доведоа до тоа НАЈДИ СМЕТКОВОДИТЕЛ да е највисоко рангиран на пребарувачот google при пребарување со зборовите сметководител, smetkovoditel, најди сметководител во Скопје, Битола, Охрид или било кој друг град во Македонија. Друштвата и ТП овластени сметководители, со избор на една од годишните претплати добиваат бесплатен профил на НАЈДИ СМЕТКОВОДИТЕЛ на нашата веб страна smetkovoditeli.com.mk .

Погледнете видео приказ на најди сметководител и позиционираност на Google пребарувачот на следните линкови: Изглед на профил на НАЈДИ СМЕТКОВОДИТЕЛ и Позиционираност на Google на НАЈДИ СМЕТКОВОДИТЕЛ.