22.11.2018_6

ПЕНЗИОНЕРИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ПРИЈАВУВАЊЕ ГОДИШНА ДАНОЧНА ПРИЈАВА ВО НАРЕДНИТЕ СЕДУМ ГОДИНИ

-

СКОПЈЕ – 22.11.2018 ГОДИНА, ПЕНЗИОНЕРИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ПРИЈАВУВАЊЕ ГОДИШНА ДАНОЧНА ПРИЈАВА ВО НАРЕДНИТЕ СЕДУМ ГОДИНИ

Јавната дебата којашто беше актуелизирана по презентацијата на електронскиот систем е-Персонален данок, укажа на потешкотиите со кои пензионерите ќе се соочуваат при регистрацијата на електронскиот систем.
Со новиот Закон за личен доход се предвидува, во наредните 7 години да се одложи обврската за доставување на Годишна даночна пријава од страна на УЈП до граѓаните кои оствариле доход само од пензија исплатена од страна на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
Тоа значи дека во даночните периоди од 2018 до 2024 година, пензионерите кои не оствариле друг доход, освен пензија, се ослободени од било каква обврска кон УЈП поврзана со Годишната даночна пријава.

Повеќе на следниот линк: Објава на УЈП