Продажба на материјални средства – Капитална добивка
Продажба на материјални средства – Капитална добивка
Управниот одбор на Друштвото “ Тест АА “ донесува одлука за продажба на една машина за шиење. Друштвото не е ддв обврзник. Набавната вредност на машината изнесува 80.000 денари. Вкупната акумулирана амортизација на машината е 30.000 денари. Машината е продадена за 60.000 денари по ф-ра бр.10. Истата е наплатена.
- Набавна вредност = 80.000
- Акумулирана амортизација (отпишана вредност на машина ) = 30.000
- Продажна вредност на машина = 60.000
- Неотпишана вредност на машина = (80.000 – 30.000 = 50.000 )
- Капитална добивка = 60.000 – 50.000 = 10.000
Книжење:
Конто | Опис | Износ | Забелешка | |||
Должи | Побарува | Должи | Побарува | |||
1 | 120 | Побарувања од купувачи во земјата | 60.000 | |||
749 | Приходи од продажба на постојани средства | 50.000 | ||||
760 | Капитална добивка од продажба на машина | 10.000 | ||||
Продадена машина по фр-ра бр.10 | ||||||
2 | 019 | Акумулирана амортизација на машина | 30.000 | |||
460 | Неотпишана вредност на продадена машина | 50.000 | ||||
012 | Постројки и опрема-машина | 80.000 | ||||
Бришење на машината од евиденција | ||||||
3 | 100 | Жиро сметка | 60.000 | |||
120 | Побарувања од купувачи во земјата | 60.000 | ||||
Наплата на фактура бр.10 |