Обврски по основ на користење на сопствено возило за службени цели

-
Обврски по основ на користење на сопствено возило за службени цели

Лицето АА вработено во Друштвото “ Тест AA “, за целите и за потребите на својот работодавач го користи неговото приватно возило за службени цели. Согласно распоредот на службени патувања, лицето заминало на службено патување во Струмица на ден 03.10.2018 година. За истото има прописно подготвен патен налог. Парите се исплатени на транскациска сметка на лицето АА на ден 05.10.2018 година

Податоци:

Датум на почеток на патување: 03.10.2018 година во 07.00h

Датум на враќање на патување:03.10.2018 година во 22.00h

Патарини: 360 денари

Паркинг: 200 денари

Поминати километри: (Скопје – Струмица = 154км,  Струмица – Скопје = 150км) вкупно = 304 км

Пресметки:

  • Бр.на дневници = 1 * 1.933 денари = 1.933 денари
  • 304 км * 67 денари (цена на литар дизел) * 30% = 6.110 денари
  • 6.110 денари – 3.500 денари ( дозволен износ на кој не се плаќа персон. данок ) = 2.610 ден
  • 2.610 ден. *11,1111% = 290 денари
  • Бруто приход = 2.610 + 290 = 2.900

Книжење:

Конто Опис Износ Забелешка
Должи Побарува   Должи Побарува  
440   Дневници за службени патувања во земјата 1.933    
449   Трошоци за патарини 360    
449   Трошоци за паркинг 200    
440   Трошоци за користење на сопствено возило за службени цели-признат трошок 3.500    
440   Трошоци за користење на сопствено возило за службени цели-непризнат трошок 2.900    
  241 Обврски по основ на дневници за службени патувања во земјата   1.933  
  241 Обврски за патарини   360  
  241 Останати трошоци за вработени   200  
  240 Обврски за надомест за користење на приватно возило за службени цели (2.610+3.500=6.110)   6.110  
  235 Обврски по основ на персонален данок по други основи   290  
    По пресметки врз основа на патен налог за службено патување за лицето АА      

 

Книжење (Исплата):

Конто Опис Износ Забелешка
Должи Побарува Должи Побарува
241 Обврски по основ на дневници за службени патувања во земјата 1.933
241 Обврски за патарини 360
241 Останати трошоци за вработени 200
240   Обврски за надомест за користење на приватно возило за службени цели (2.610+3.500=6.110) 6.110
235 Обврски по основ на персонален данок по други основи 290
100 Жиро сметка 8.893