Пресметка на трошок за амортизација
admin -Пресметка на трошок за амортизација
Друштвото А поседува основни средства во износ од 12.300.500 денари. Истите се евидентирани и како основачки капитал. Средствата се состојат од градежни објекти, постројки и опрема и алат и погонски инвентар и мебел. Градежните објекти се сочинети од погонски хали во вредност од 9.000.000 денари и истите се набавени на ден 15.02.2017 година, согласно Договор за купопродажба бр.0302-205. Постројките и опрема се состојат од две машини и тоа Машина за фарбање на ткаенини набавена на 15.03.2017 година во износ од 1.000.000 денари и машина за шиење во износ од 300.000 денари набавена на 14.04.2017 година,а останатото е возило Мерцедес во износ од 2.000.500 денари набавено на 10.10.2017. Согласно сметководствените политики на друштвото за пресметка на амортизација се зема првиот ден од нареден месец, а стапките се утврдени согласно нивниот проценет век на употреба и тоа: Градежни објекти 2%, постројки и опрема 20% и возила 25%. Како се пресметува и колку би изнесувал годишниот трошок за амортизација.
Пресметката и книжењета на годишниот трошок за амортизација би изгледал вака:
Градежни објекти:
Прв ден амортизација = 01.03.2017 година.
Вкупен број на месеци во тековната 2017 кои подлежат на амортизација = 10 месеци.
Годишна стапка за амортизација = 2%.
Пресметка: 9.000.000 *2% / 12месеци * 10месеци = 150.000 денари (трошок за амортизација за 2017 година).
Постројки и опрема:
Машина за фарбање ткаенини
Прв ден амортизација = 01.04.2017 година.
Вкупен број на месеци во тековната 2017 кои подлежат на амортизација = 9 месеци.
Годишна стапка за амортизација = 20%
Пресметка: 1.000.000 * 20% / 12месеци * 9месеци = 150.000 денари (трошок за амортизација за 2017 година)
Машина за шиење
Прв ден амортизација = 01.05.2017 година.
Вкупен број на месеци во тековната 2017 кои подлежат на амортизација = 8 месеци.
Годишна стапка за амортизација = 25%.
Пресметка: 300.000 * 20% / 12месеци * 8месеци = 40.000 денари (трошок за амортизација за 2017 година).
Возило Марцедес
Прв ден амортизација = 01.11.2017 година.
Вкупен број на месеци во тековната 2017 кои подлежат на амортизација = 2 месеци.
Годишна стапка за амортизација = 25%.
Пресметка: 2.500.000 * 25% / 12 месеци * 2 месеци =104.167 денари (трошок за амортизација за 2017 година).
Книжење:
| Конто | Опис | Износ | Забелешка | ||
| Должи | Побарува |
| Должи | Побарува |
|
| 430 |
| Трошок амортизација за градежни објекти за 2017 година | 150.000 |
|
|
|
| 019 | Акумулирана амортизација на градежни објекти |
| 150.000 |
|
| 430 |
| Трошок амортизација за машина за фарбање ткаенини за 2017 година | 150.000 |
|
|
|
| 019 | Акумулирана амортизација на машина за фарбање ткаенини |
| 150.000 |
|
| 430 |
| Трошок амортизација за машина за шиење за 2017 година | 40.000 |
|
|
|
| 019 | Акумулирана амортизација на машина за шиење |
| 40.000 |
|
| 430 |
| Трошок амортизација за возило за 2017 година | 104.167 |
|
|
|
| 019 | Акумулирана амортизација на возило |
| 104.167 |
|