Новогодишен надоместок
admin -Новогодишен надоместок
На ден 26.12.2018 година Управниот Одбор на Друштвото “ Tест АА ” – друштво кое врши дејност прехрамбена индустрија носи одлука за исплата на новогодишен надоместок на своите вработени. За истиот пресметува и исплатува персонален данок на доход. Вкупниот број на вработени изнесува 4.
*Дополнителни информации
Согласно Колективниот договор за земјоделство и прехранбената индустрија минималната утврдена висина на новогодишниот надоместок е најмалку 50% од просечната нето плата по работник во РМ исплатена во последните три месеци. Согласно последниот извештај од Заводот за статистика просечната плата за последните три месеци објавена на 21.12.2018 година изнесува 24.460 денари.
24.460 денари * 50% = 12.230 денари
12.230 денари * 11,1111% = 1.359 денари
Бруто приход по вработен = 13.589 денари
Вкупен трошок = 13.589 * 4 вработени = 54.356 денари
Вкупен нето износ за исплата = 12.230 * 4 вработени = 48.920 денари
Вкупен персонален данок = 1.359 * 4 вработени = 5.436 денари
Книжење:
|
Конто |
Опис |
Износ |
Забелешка |
||
|
Должи |
Побарува |
|
Должи |
Побарува |
|
|
422 |
|
Останати трошоци за вработени |
54.356 |
|
|
|
|
242 |
Останати обврски спрема вработените врз основа на колективни договори
|
|
48.920 |
|
|
|
235 |
Обврски за персонален данок на доход |
|
5.436 |
|
|
|
|
За пресметкан Новогодишен надоместок |
|
|
|
Исплата на новогодишен надоместок:
|
Конто |
Опис |
Износ |
Забелешка |
||
|
Должи |
Побарува |
|
Должи |
Побарува |
|
|
242 |
|
Останати обврски спрема вработените врз основа на колективни договори
|
48.920 |
|
|
|
235 |
|
Обврски за персонален данок на доход |
5.436 |
|
|
|
|
100 |
Жиро сметка |
|
54.356 |
|
|
|
|
За исплатен Новогодишен надоместок |
|
|
|