Вложување на закупецот во објектот на закуподавачот (Вложување во туѓ објект)
Вложување на закупецот во објектот на закуподавачот (Вложување во туѓ објект)
Друштвото “ Тест АА ” во понатамошниот текст “Закупец” има склучено договор за закуп со Друштвото “ Тест ББ “ во понатамошниот текст “Закуподавач”. Предмет на овој договор претставува објект кој не е целосно изграден. Во договорот двете страни се согласни закупецот да ја заврши инвестицијата на сопствен трошок. За таа цел Закупецот ангажира градежна фирма да ја изврши работата. По завршувањето на работата извршителот на услугата (градежната фирма) издава градежна ситуација на Закупецот со пренесена даночна обврска по член 32-а во износ од 600.000 денари. Согласно сметководствената политика на Друштвото истото користи пропорционален метод на амортизација и за вложувањата извршени во туѓиот објект закупецот пресметува и трошок за амортизација по стапка од 10%. Проценет годишен век на користење 10 години.
Конто | Опис | Износ | Забелешка | |||
Должи | Побарува | Должи | Побарува | |||
1 | 015 | Вложувања во недвижности на наем | 600.000 | |||
130 | Претходен ддв-член 32а
(600.000 * 18% = 108.000 денари) |
108.000 | ||||
220 | Обврски спрема добавувачи | 600.000 | ||||
230 | Обврски за ддв-член 32а | 108.000 | ||||
По градежна ситуација | ||||||
2 | 430 | Трошок за амортизација
( 708.000 * 10% = 70.800) |
70.800 | |||
019 | Акумулирана амортизација на вложувања во туѓи објекти | 70.800 | ||||
Годишна амортизација на туѓи објекти |