Соопштение на УЈП за поднесување на ДДВ пријави

-

Известување од УЈП во врска со поднесување на ДДВ Пријавите преку системот е-даноци

Управата за јавни приходи известува дека во текот на месец Април покрај поднесувањето на аконтативните пријави за ДДВ за месечни и тримесечни ДДВ обврзници се одвиваат активности за поставување на предпополнета Годишната даночна пријава за персонален данок на доход за 2018 година на корисничките профили на даночните обврзници (физички лица). Од овие причини можно е отежнато поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци. 
За таа цел од Управата за јавни приходи апелира до сите месечни и тримесечни ДДВ обврзници да ја поднесат Пријавата за данокот на додадена вредност пред крајниот рок за поднесување 25.04.2019 година.