Зголемен износот за донации во спортот преку системот за ваучери – Измена и дополнување на Законот за данок на добивка

-

ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОК НА ДОБИВКА – зголемен максималниот износ за донации во спортот на годишно ниво

Во Службен весник на РМ број 232/2019 од 08.11.2019 година објавен е Закон за изменување и дополнување на Законот за данок од добивка. со измената на Законот за данок на добивка се врши зголемување на износот на даночното ослободување за донации во спортот односно, досегашниот максимален износ од 6 милиони евра годишно се зголемува на 10 милиони евра годишно.

Новиот пречистен став 12 од членот 30-а од Законот за данок на добивка гласи:

“Износот на вредноста на издадените ваучери врз основа на кои
обврзниците го остваруваат правото на даночно ослободување од ставот (1) на овој член изнесува 10 милиони евра годишно. “

Во продолжение измената на Законот за данок на добивка и пречистен текст на Законот.

[lists style=”style3″]

[/lists]