Предлог закон за младински додаток – подршка за младите кои работаат во производство

-

ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА МЛАДИ ВРАБОТЕНИ ВО СЕКТОР ПРОИЗВОДСТВО – Предлог Закон

Министерството за труд и социјална политика го објави Нацрт предлог Законот за младински додаток. Целта на предлог законот за младински додаток е поттикнување на младите лица за вработување во дејностите  на производството  по завршување на средното образование, со што ќе се допринесе до подобрување на нивниот животен стандард  со работа и задоволување на потребите на работодавачите со соодветно квалификувана работна сила. 

Предложените законски решенија создаваат правна рамка за исплата на определен износ на младински додаток, кога младо лице до 23 години ќе заснова работен однос во дејностите  од  производството. Со предлог законот на системски начин се регулира начинот на добивање на младински додаток. Истовремено начинот на обезбедување на младинскиот додаток е   транспарентен, јасен, прецизен, едноставен и единствен за сите кои ги исполнуваат предвидените услови.

Според предлог законот, младински додаток може да користи младо лице кое е:

  1. опфатено со задолжително социјално осигурување по основ на вработување кај работодавач или самовработување со претежна производна дејност и
  2. вработено во приватна агенција за вработување и е отстапено на работа кај работадавач со претежна производствена дејност или е опфатено во задолжително социјално осигурување како  индвивидуален земјоделец.

Младинскиот додаток изнесува 3.000 денари, на кој се плаќа данок на личен доход  и се исплатува еднаш месечно на трансакциската сметка на младото лице.

Исплатата на младински додаток ја врши Агенцијата за вработување на РМ, врз основа на барање поднесено од младото лице.

 

Целиот текст на предлог законот може да го симнете на следниот линк:

[lists style=”style3″]

[/lists]