Информативен напис – Застапување

-

ИНФОРМАТИВЕН НАПИС – ЗАСТАПУВАЊЕ СПОРЕД ЗАКОН ЗА ТРГОВСКИ ДРУШТВА

Во трговското право се прави разлика помеѓу поимот трговско застапување – како правна работа во којашто овластеното лице кое професионално се занимава со застапување во рамките на својата стопанска дејност во име и за сметка на друго лице врши правни работи утврдени со договорот, од поимот застапување што го вршат одредени органи, односно вработени во трговското друштво и кој ја манифестираат неговата деловна способност.  Се работи всушност за тоа дека освен правната способност на трговските друшта тие имаат и деловна способност којашто може да се оствари единствено преку физички лица. Правните работи на овластените физички лица се сметаат како дејствија на самото друштво. Застапувањето на друштвото може да се огледа и во вршење на работи во правниот промет т.е. склучување на договори, преземање на работи во име и за сметка на друштвото во деловните односи со третите лица, но и застапување во постапката пред суд односно други органи.

Во трговското право правното лице може да ја изрази својата волја само со помош на својот застапник, па полномошното го дава неговиот застапник. Застапникот може да го овласти полномошникот само во рамките на своите овластувања. Правните дејствија коишто ги превзема полномошникот подеднакво го обврзуваат друштвото, како и секоја друга форма на застапување. ЗТД со одредбите на третата глава уредува четири вида на полномошна:

  • – Прокура (чл. 68 до 78 од ЗТД),
  • – Трговски полномошник (чл. 79 до 80 од ЗТД),
  • – Полномошно на трговски патник (чл. 81 од ЗТД) и
  • – Полномошник по вработување (чл. 67 од ЗТД)

 

Одредбите за застапување како правна работа претежно се уредени со Законот за облигационите односи (“Службен весник на РМ”. 18/01, 4/02, 5/03, 84/08, 81/09, 161/09 и 123/13) – во натамошниот текст ЗОО, а одредбите со коишто се манифестира деловната способност на трговското друштво во Законот за трговските друштва (“Службен весник на РМ” 28/04; 84/05; 25/07; 87/08; 42/10; 48/10; 24/11; 166/12; 70/13; 119/13; 120/13; 187/13; 38/14; 41/14; 138/14; 88/15; 192/15; 6/16; 30/16; 61/16 64/18, 120/18, 195/18 и 239/18) во натамошниот текст ЗТД.

Одредбите, од четвртиот дел, третата глава, од ЗТД се заеднички одредби коишто се однесуваат на сите трговски друштва со тоа што кај одделни форми на трговски друштва постојат и одредби со коишто поблиску се утврдува кој се може да биде застапник, нивните овластувања, ограничувања и слично.

 

Целиот Информативен напис симнете го на следниот линк:

[button title=”Информативен – напис – ЗАСТАПУВАЊЕ ” description=”Информативен напис – ноември 2019 година – Застапување според Законот за трговски друштва” textcolor=”#ffffff” width=”100%” url=”https://bit.ly/2OVlugZ” bgcolor=”#008eb7″ align=”left”]

 

Прилог обрасците од информативниот напис може да ги симнете тука:

[lists style=”style3″]

[/lists]