Управата за јавни приходи го даде следното соопштение:
Просечната плата по работник во Република Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2020 година изнесува 38.319 денари.
Просечната плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување и тоа за пресметките за плата кои се однесуваат за период од месец Јануари до месец Декември 2020 година.
- – Најниската основица за пресметка на придонесите за 2020 година изнесува 19.160,00 денари (50% од 38.319)
- – Највисока основица за пресметка на придонесите за 2020 година за примањата од работен однос и за примања на извршен член на одбор на директори, член на управен одбор, односно управител во трговско друштво изнесува 613.104,00 денари (16 x 38.319)
- – Највисока основица за пресметка на придонесите за 2020 година за самовработено лице изнесува 459.828,00 денари (12 x 38.319)
Новата верзија на клиентскиот софтвер – МПИН може да го симните на следниот линк: http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/81).