УЈП ГО ПРОДОЛЖУВА РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА “ДБ”, “ДЛД-ДБ”И “Б” ОБРАЗЕЦ ДО 24 МАРТ

-
УЈП ГО ПРОДОЛЖУВА РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА “ДБ”, “ДЛД-ДБ”И “Б” ОБРАЗЕЦ ДО 24 МАРТ
 

Според соопштението од Управата за јавни приходи од 13/03/2020, се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека се продолжува рокот за поднесување на обрасците Даночен биланс за оданочување на добивка (образец “ДБ”), Годишeн даночен биланс за утврдување на данокот на доход од вршење на самостојна дејност (образец “ДЛД-ДБ”) и Биланс на приходи и расходи (образец “Б”) за 2019 година.

Согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија преземање мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), Управата за јавни приходи информира дека рокот за поднесување на обрасците “ДБ”, “ДЛД-ДБ”и “Б, се продолжува заклучно со 24 март 2020 година (вторник).