Соопштение на УЈП: УЈП поради вонредната состојба нема да бара присилна наплата на доспеаните долгови по основ на даноци

-

УЈП НЕМА ДА ПРЕЗЕМА ДОПОЛНИТЕЛНИ МЕРКИ КОН ДАНОЧНИТЕ ОБВРЗНИЦИ ДОДЕКА ТРААТ ПРЕПОРАКИТЕ ОД ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници дека нема да доставува решенија за присилна наплата од парични средства по основ на сите даноци и други јавни давачки (глоби, судски такси), за сите оние обврзници кои ги немаат подмирено своите обврски кон УЈП. Оваа мерка ќе важи се додека траат препораките и мерките на Владата на Република Северна Македонија и Министерството за здравство, а се однесуваат на спречување на ширењето на корона вирусот.