Јавен повик за аплицирање за кредитна линија без камата на развојна банка

-

РАЗВОЈНА БАНКА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ОБЈАВИ ПОВИК ЗА БЕЗКАМАТНИ КРЕДИТИ – ПРЕТХОДНО НАЈАВЕНИ ОД ВЛАДАТА


Јавниот повик се однесува на директна финасиска поддршка на трговски друштва и трговци поединци регистрирани во Република Северна Македонија од Посебниот кредитен фонд.

Предмет на овој јавен повик е поднесување на апликации т.е. кредитни барања за доделување на средства од Посебниот кредитен фонд (ПКФ), за директна поддршка на трговските друштва и трговци поединци регистрирани во Република Северна Македонија, со намена за обртни средства вклучително и средства за подобрување на ликвидноста на компаниите.
Вкупниот расположив буџет за овој јавен повик изнесува 338.250.000,00 денари.

Каматната стапка ќе изнесува 0%  а рокот на отплата до 2 години со 6 месеци грејс период.

Ќе може да аплицираат правните лица кои ги вршат следните дејности:

Листа на дејности од НКД кои може да аплицираат за кредитната линија

ШифраН а з и в
49.10    Патнички железнички транспорт, меѓуградски
  49.41  Товарен патен транспорт
52.21    Услужни дејности поврзани со копнениот превоз
52.24    Претовар на товар
52.29    Останати придружни дејности во превозот
55.1    Хотели и слични објекти за сместување
55.10    Хотели и слични објекти за сместување
55.2    Одморалишта и останати објекти за пократок престој
56.1    Ресторани и останати објекти за подготовка и послужување на xрана
56.10    Ресторани и останати објекти за подготовка и послужување на xрана
56.29   Останати услуги за подготвување и служење на xрана
56.3   Подготовка и послужување на пијалаци
79.1   Дејности на туристичките агенции и организаторите на патувања (туроператори)
79.11   Дејности на туристичките агенции
79.12   Дејности на организаторите на патувања (туроператорите)

Подетални информации околу јавниот повик и начинот на аплицирање може да видите на следниот линк: 

ЦЕЛОСЕН ЈАВЕН ПОВИК НА РАЗВОЈНА БАНКА НА РМ