РАЗВОЈНА БАНКА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ОБЈАВИ ПОВИК ЗА БЕЗКАМАТНИ КРЕДИТИ – ПРЕТХОДНО НАЈАВЕНИ ОД ВЛАДАТА
Јавниот повик се однесува на директна финасиска поддршка на трговски друштва и трговци поединци регистрирани во Република Северна Македонија од Посебниот кредитен фонд.
Предмет на овој јавен повик е поднесување на апликации т.е. кредитни барања за доделување на средства од Посебниот кредитен фонд (ПКФ), за директна поддршка на трговските друштва и трговци поединци регистрирани во Република Северна Македонија, со намена за обртни средства вклучително и средства за подобрување на ликвидноста на компаниите. Вкупниот расположив буџет за овој јавен повик изнесува 338.250.000,00 денари.
Каматната стапка ќе изнесува 0% а рокот на отплата до 2 години со 6 месеци грејс период.
Ќе може да аплицираат правните лица кои ги вршат следните дејности:
Листа на дејности од НКД кои може да аплицираат за кредитната линија
Шифра
Н а з и в
49.10
Патнички железнички транспорт, меѓуградски
49.41
Товарен патен транспорт
52.21
Услужни дејности поврзани со копнениот превоз
52.24
Претовар на товар
52.29
Останати придружни дејности во превозот
55.1
Хотели и слични објекти за сместување
55.10
Хотели и слични објекти за сместување
55.2
Одморалишта и останати објекти за пократок престој
56.1
Ресторани и останати објекти за подготовка и послужување на xрана
56.10
Ресторани и останати објекти за подготовка и послужување на xрана
56.29
Останати услуги за подготвување и служење на xрана
56.3
Подготовка и послужување на пијалаци
79.1
Дејности на туристичките агенции и организаторите на патувања (туроператори)
79.11
Дејности на туристичките агенции
79.12
Дејности на организаторите на патувања (туроператорите)
Подетални информации околу јавниот повик и начинот на аплицирање може да видите на следниот линк: