Град Скопје ја намали фирмарината

-

Градот Скопје ги намали фирмарините

Градот  Скопје ги известува сите таксени обврзници дека во услови на прогласена светска пандемија предизвикана од вирусот Ковит -19 и последиците коишто истата ги предизвикува врз стопанството, со цел да им се помогне на компаниите да ги пребродат нарушувањата предизвикани од корона вирусот, Советот на Град Скопје донесе Одлука за изменување и дополнување на „Одлуката за висината на комуналните такси во Град Скопје“ започнувајќи од 01.01.2020 година. Со измените и дополнувањата се врши измена во Тарифниот број 1 на Одлуката, односно, се врши намалување на комуналната такса за фирма, како  дополнително олеснување на финансиската состојба на таксените обврзници коишто вршат дејност на територијата на 10-те скопски општини.  

Поради наведеното, Градот Скопје ги известува сите таксени обврзници кои се уште не извршиле уплата на обврските по основ на комунална такса за тековната 2020 година по подолу наведените основи, истите треба да ги уплатат согласно со добиените решенија, но со намален износ, како што следи:

 

Тарифен број 1

 

За фирма, односно назив на:

износ во денари

а) деловните простории на физичките лица коишто  вршат  дејност        

1.300,00

б) деловните простории на физичките лица коишто  вршат дејност, а данокот го плаќаат во паушален износ  

350,00

в) деловните простории на трговските друштва и другите правни лица од областа на производството, прометот и услугите                                         

4.000,00

продавници, киосци, деловни единици и слично  на трговските друштва и другите правни лица од областа на производството, прометот и  услугите,                           

2.000,00

деловни простории на правни лица од комуналните дејности

2.000,00

деловни простории на трговските друштва и другите правни лица, како и на откупните пунктови што дејствуваат  повремено                               

2.000,00

 

       

Во однос на тие обврзници кои веќе извршиле уплата со целосниот износ наведен во решението, Градот Скопје укажува дека уплатениот износ кој ја надминува  новоформираната цена  за фирмарина ќе се префрли за наредната година или по завршувањето на вонредната состојба, на барање на таксениот обврзник ќе се изврши враќање на дополнителните средства.

Воедно, Град Скопје напоменува дека во времетраење на вонредната состојба, нема да се постапува по опомените кои се доставени до обврзниците на данок на имот и до обврзниците на комунална такса и нема да се врши присилна наплата на заостанатите неплатени долгови.