Владата ја објави уредбата за финансиска поддршка на граѓани со ниски примања, млади лица и здравствени работници преку издавање на домашна платежна картица
admin -ВЛАДАТА ЈА ОБЈАВИ УРЕДБАТАСО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ГРАЃАНИ И ВРАБОТЕНИ ЛИЦА СО НИЗОК ДОХОД, МЛАДИ ЛИЦА И ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ ПРЕКУ ИЗДАВАЊЕ НА ДОМАШНА ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА НАМЕНЕТА ЗА КУПУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИ ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА
Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 27 мај 2020 година, донесе Уредбасо законска сила за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање на домашна платежна картичка наменета за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба и ја објави во Службен Весник на РСМ бр. 137 од 27 мај 2020 година, со што истата практично и стапи во сила.
1.Кој има право на финансиска поддршка по основ на оваа уредба?
Право на финансиска поддршка по основ на оваа уредба со законска сила, со издавање на домашна платежна картичка наменета за купување на македонски производи и услуги, имаат следните категории на граѓани:
- – граѓани и вработени лица со низок доход,
- – млади лица на возраст од 16 до 29 години и
- – здравствени работници кои учествуваат во тестирање, дијагностицирање и лекување на граѓани заболени од COVID19
„Граѓани со низок доход“ се полнолетни државјани на Република Северна Македонија кои се приматели на социјална помош (лица од домаќинство кое користи право на гарантирана минимална помош; лица од домаќинство кое користи право на детски додаток; лица од домаќинство кое користи право на додаток за образование; корисник на право на социјална сигурност за старите лица и негов брачен другар или лице со кое живее во вонбрачна заедница) или невработени лица кои активно бараат работа евидентирани во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија заклучно со 22.05.2020 година, кои за 2019 година оствариле годишен доход во нето износ не поголем од 180.000 денари и за периодот јануари-април 2020 година оствариле доход во нето износ не поголем од 60.000 денари согласно со евиденцијата на Управата за јавни приходи (во натамошниот текст: „граѓани-корисници на финансиска поддршка“).
„Вработени лица со низок доход“ се државјани на Република Северна Македонија кои се во работен однос и кои за периодот јануари-април 2020 година оствариле доход само по основ на плата и надоместоци на плата во нето износ не поголем од 60.000 денари на ниво на полно работно време, согласно со евиденцијата на Управата за јавни приходи (во натамошниот текст: „работници-корисници на финансиска поддршка“).
„Млади лица“ се државјани на Република Северна Македонија со наполнети 16 години и не постари од 29 години на 22.5.2020 година, кои се активни учесници во формалното средно образование (средни училишта основани од Република Северна Македонија, локалната самоуправа и градот Скопје) и високото додипломско образование на Република Северна Македонија (редовни студенти на универзитети основни од Република Северна Македонија), согласно со евиденцијата на Министерството за образование и наука (во натамошниот текст: „млади лица-корисници на финансиска поддршка“).
„Здравствени работници кои учествуваат во тестирање, дијагностицирање и лекување на граѓани заболени од COVID-19“ се државјани на Република Северна Македонија вработени во јавните здравствени установи во Клиника за инфективни болести, Институт за јавно здравје, центри за јавно здравје, членови на тимовите за Итна медицинска помош, лица вработени во инфективните одделенија на општите болници и ангажирани работници во други одделенија кои повремено биле ангажирани во инфективните одделенија на соодветната јавна здравствена установа респективно за времето на ангажирање согласно со евиденцијата на Фондот за здравствено осигурување заради тестирање, дијагностицирање и лекување на граѓани заболени од COVID-19 (во натамошниот текст: „здравствени работници-корисници на финансиска поддршка“).
2. Износ на финансиска поддршка и начин на исплата
Финансиската поддршка е еднократен износ кој се исплатува на ДПК (домашна платежна картичка) издадена од банка издавач на ДПК, резидент на Република Северна Македонија, на лице корисник на финансиска поддршка согласно со оваа уредба со законска сила.
„Домашна платежна картичка“ е платежна картичка со видливо отпечатена ознака: „КУПУВАМ ДОМАШНО“ (“KUPUVAM DOMASHNO”) издадена од резидентна банка која потпишала Договор со Владата на Република Северна Македонија, на чија поврзана сметка се исплатува финансиската поддршка од членот 1 став (2) на оваа уредба со законска сила (во натамошниот текст: „ДПК“).
Договорот за издавање на домашна платежна картичка и договорот меѓу банката издавач на ДПК и корисник на финансиска поддршка содржи задолжителни елементи според кои банката издавач на ДПК на лице-корисник на финансиска поддршка:
- – не пресметува и наплатува надоместоци за издавање на ДПК,
- – не пресметува и наплатува членарина за првата година на важност на ДПК,
- – не пресметува и наплатува надоместоци за отворање, водење, управување, одржување и слични надоместоци за сметката поврзана со ДПК, до крајот на 2020 година,
- – овозможува продолжување на користење на ДПК и по истекот на календарска 2020 година, во согласност со општите правила и услови за користење на платежната картичка што банката издавач ги објавила на својата интернет страна и
- – не наплатува надоместоци за затворање на сметката и за затворање и/или одјавување на ДПК на барање на лицето корисник на финансиска поддршка.
Граѓаните-корисници на финансиска поддршка ќе добијат еднократна финансиска поддршка во износ од 9.000 денари по лице.
Работниците-корисници на финансиска поддршка ќе добијат еднократна финансиска поддршка во износ од 3.000 денари по лице.
Младите лица корисници на финансиска поддршка ќе добијат еднократна финансиска поддршка во износ од 3.000 денари по лице.
Здравствените работници-корисници на финансиска поддршка кои учествувале во тестирање и дијагностицирање на граѓани заболени од COVID-19 и нивно лекување ќе добијат еднократна финансиска поддршка во висина на 40% од износот на последната пресметана основна нето плата на секој работник одделно до денот на влeгување во сила на оваа уредба со законска сила.
НАПОМЕНА: Примената финансиска поддршка не се оданочува со данок на доход согласно со Законот за данокот на личен доход.
3. За што може да се користи домашната платежна картичка?
Примената финансиска поддршка на ДПК , корисниците на финансиска поддршка ја користат исклучиво за купување на македонски производи и услуги кај правни и физички лица вршители на стопанска дејност, резиденти на Република Северна Македонија во периодот од денот на приемот на ДПК до 31.07.2020 година. Оn-line набавката од интернет страници во сопственост на македонски правни и физички лица вршители на стопанска дејност за целите на финансиска поддршка се однесува на македонски производи и услуги согласно членот 2 точки 5) и 6) на уредбата со законска сила.
„Македонски производи“ се производи и стоки за финална потрошувачка произведени од правни и физички лица вршители на стопанска дејност, резиденти на Република Северна Македонија, освен алкохолни пијалаци, тутун и преработки на тутун.
„Македонски услуги“ се услуги направени од правни и физички лица вршители на стопанска дејност, резиденти на Република Северна Македонија.
НАПОМЕНА: По 31.07.2020 година, престанува можноста за користење на финансиската поддршка од оваа уредба со законска сила.
По истекот на наведениот рок , збирниот износ на неискористени парични средства од добиената финансиска поддршка, банката издавач на домашната платежна картичка е должна да го врати на буџетската сметка во рок од три дена од 31.07.2020 година.
ДПК може да се користи за плаќање на македонски производи и услуги на ПОС терминал и виртуелен ПОС терминал на правно и физичко лице вршител на стопанска дејност согласно со Националната класификација на дејности, односно Меѓународната категоризација на трговец по ИСО стандардизација (Merchant Category Code, скратено MCC).
Дејности за кои може да се плаќа со домашна платежна картичка:
55 Објекти за сместување
55.10 Хотели и слични објекти за сместување (МССкод: 7011; 3509)
55.20 Одморалишта и останати објекти за пократок престој (МСС код: 7011; 6513)
55.30 Кампови, автокампови и простори за кампирање (МСС код: 7011; 6513)
55.90 Друг вид на сместување (МСС код: 7011;6513)
56 Дејности за подготовка на оброци и служење на xрана
56.10 Ресторани и останати објекти за подготовка ипослужување на xрана (МСС код: 5812;5814)
56.21 Услуги на доставување на xрана и пијалаци за посебни прилики (кетеринг) (МСС код: 5811; 5812)
56.29 Останати услуги за подготвување и служење на xрана (МСС код: 5811; 5812)
56.30 Подготовка и послужување на пијалаци (МСС код: 5813)
79 Туристички агенции, организатори на патувања (туроператори) и останати резервациски услуги како и дејностите поврзани со нив
79.11 Дејности на туристичките агенции (МСС код:4722)
79.12 Дејности на организаторите на патувања (туроператори) (МСС код: 4722)
79.90 Останати резервациски услуги и дејностиповрзани со нив (МСС код: 4722)
47 Трговија на мало, освен трговија со моторни возила и мотоцикли
47.11 Трговија на мало во неспецијализирани продавници, претежно со xрана, пијалаци и тутун (МССкод: 5411; 5310; 5993; 5499)
47.19 Друга трговија на мало во неспецијализиранипродавници (МСС код: 5411; 5310; 5993; 5499)
47.21 Трговија на мало со овошје и зеленчук во специјализирани продавници (МСС код: 5411; 5310; 5311; 5993; 5499)
47.22 Трговија на мало со месо и производи од месо во специјализирани продавници (МСС код: 5422)
47.23 Трговија на мало со риби, лушпари и мекотели во специјализирани продавници (МСС код: 5422)
47.24 Трговија на мало со леб, печива, колачи и слатки во специјализирани продавници (МСС код: 5411; 5310; 5441; 5462)
47.25 Трговија на мало со пијалаци во специјализирани продавници (МСС код: 5921)
47.29 Друга трговија на мало со xрана во специјализирани продавници (МСС код: 5411; 5310; 5499)
47.73 Аптеки (МСС код: 5912)
47.75 Трговија на мало со козметички и тоалетни препарати во специјализирани продавници
47.81 Трговија на мало со xрана, пијалаци и тутунски производи на тезги и пазари
47.82 Трговија на мало на тезги и пазари со текстил, облека и обувки
47.89 Трговија на мало со други стоки на тезги и пазари
47.91 Трговија на мало преку пошта и интернет
47.99 Друга трговија на мало вон продавници, тезги и пазари
96.02 – Фризерски салони и салони за разубавување(МСС код: 7230)
96.09 Останати лични услужни дејности, неспомнати на друго место (МСС код: 8999)
– Граѓани запишани во регистарот за угостителска дејност од мал обем за вршење услуги за издавање легла за гости-туристи во домашно сместување (МСС код:7011; 6513).
4. За што не може да се користи домашната платежна картичка?
Примената финансиска поддршка не може да се користи со употреба на било кој друг платен инструмент, освен со ДПК. Со ДПК финансиската поддршка не може да се користи за:
- – подигнување на готовина од банкомати, од ПОС терминали или со налог за исплата на готовина на шалтерите на банките, конверзија во странска валута или како замена за готовина,
- – плаќања производи и услуги на физички и/или интернет (виртуелни) пос терминали, за подигнување на готовина на банкомати и други терминали, опслужувани од нерезиденти и/или резиденти, вршители на дејност надвор од територијата на Република Северна Македонија;
- – пренос на парични средства кон други сметки во банката издавач на ДПК и/или кон други сметки кај друг носител на платен промет, независно дали е тоа сметка на лицето корисник на финансиската поддршка или е сметка на друго физичко и/или правно лице;
- – плаќање за македонски производи и услуги кои не ги исполнуваат дефинициите наведени погоре,
- – плаќање на правни и физички лица кои не вршат дејности наведени на горенаведениот список.
НАПОМЕНА: Примената финансиска поддршка е изземена од извршување спрема корисник на финансиска поддршка по било која основа. За лицата корисници на финансиска поддршка кои имаат блокирани сметки, банката издавач на ДПК ќе отвори посебна сметка за намените од оваа уредба со законска сила.
5. Кои услови треба да ги исполнат вршителите на стопанска дејност во објектите за трговија на мало?
(1) Правните и физички лица вршители на стопанска дејност, во објектите за трговија на мало утврдени во Прилогот број 1 од оваа уредба со законска сила ќе обезбедат посебно обележани рафтови, гондоли и сл. со ознаката „КУПУВАМ ДОМАШНО“ на кои ќе бидат изложени македонски производи за продажба на лицата – корисници на финансиската поддршка од оваа уредба со законска сила. Правните и физички лица вршители на стопанска дејност што вршат оn-line продажба преку интернет страници имаат обврска јасно да ги истакнат и посебно да ги издвојат македонските производи и услуги согласно членот 2 точки 5) и 6) на уредбата.
За прометот на овие производи, правните и физички лица вршители на стопанска дејност издаваат фискална сметка која задолжително содржи линија во фискалната сметка за вкупен промет остварен од македонски производи со текст „промет од македонски производи“, пресметан данок на додадена вредност од македонски производи прикажан по даночни стапки и вкупен износ на данок на додадена вредност од македонски производи. За прометот на македонски услуги, правните и физички лица вршители на стопанска дејност издаваат фискална сметка со наведената содржина.
НАПОМЕНА: Фискални сметки кои содржат производи и услуги кои не се опфатени согласно членот 2 точки 5) и 6) на уредбата со законска сила не може да се плаќаат со домашната платежна картичка.
6. Прекршочни одредби
Инспекциски надзор над спроведувањето на одредбите на оваа уредба со законска сила врши Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи согласно нивните надлежности утврдени со закон.
Глоба во износ од 100 до 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за сторен прекршок на правно лице (микротрговец), од 300 до 1.000 евра во денарска противвредност на правно лице (мал трговец), од 1.000 до 3.000 евра во денарска противвредност на правно лице (среден трговец) и од 1.000 до 3.000 евра во денарска противвредност на правно лице (голем трговец) ако постапува спротивно на одредбите од членот 6 на оваа уредба со законска сила.
Глоба во износ од 100 до 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за сторен прекршок на трговец поединец или физичко лице кое врши стопанска дејност ако постапува спротивно на одредбите од членот 6 на оваа уредба со законска сила.
Глоба во износ од 50 до 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на одговорно лице во правно лице (микротрговец), од 100 до 500 евра во денарска противвредност на одговорно лице во правно лице (мал трговец), од 150 до 500 евра во денарска противвредност на одговорно лице во правно лице (среден трговец) и од 200 до 500 евра во денарска противвредност на одговорно лице во правно лице (голем трговец) за сторениот прекршок од ставот (1) на овој член.
Oдмерувањето на висината на глобата за правно лице, трговец поединец и физичко лице кое врши стопанска дејност и одговорно лице во правно лице се врши согласно со Законот за прекршоците.
Злоупотребата и фалсификувањето на домашната платежна картичка од страна на физички и правни лица подлежат на казна согласно со Кривичниот законик.
Уребата со законска сила може да ја симнете на следниот линк:
[lists style=”style3″]
[/lists]