Уредба за примена на Законот за вршење на сметководствени работи

-

УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ВРШЕЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНИ РАБОТИ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

 

Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржа-на на 29 мај 2020 година донесе Уредба со законска сила за примена на законот за вршење на сметко-водствени работи за време на вонредна состојба и истата ја објави во Службен Весник на РСМ бр. 140 од 29.05.2020 година, со што истата практично стапи и во сила.

Според истата, Законот за вршење на сметководствени работи („Службен весник на Република Македонија“ бр.95/12… 193/17), ќе се применува за време на траењето на вонредната состојба доколку со оваа уредба со законска сила не е поинаку уредено.

За рокот за исполнување на обврската за посета на обуката за континуирано професионално усовршување за сметководител односно овластен сметководител, за време на траењето на вонредната состојба се применуваат одредбите од оваа уредба со законска сила.

Рокот за исполнување на обврската за посета на обуката за континуирано професионално усовршување од 60 часа за сметководител за период од три години односно 90 часа за овластен сметководител за период од три години, започната во 2017 година, престанува да тече за време на траењето на вонредната состојба и продолжува 200 дена по престанокот на траењето на вонредната состојба.

 

Oбврската за посета на обуката за континуирано професионално усовршување од најмалку 10 часа во текот на една година за сметководител, односно од најмалку 20 часа за овластен сметководител, нема да се однесува за сметководителите односно овластените сметководители кои обуката за континуирано професионално усовршување ја започнале во 2018 и 2019 година.

 

Доколку сметководителот, односно овластениот сметководител до 31.12.2019 година посетил повеќе од 60 односно 90 часови обука за континуирано професионално усовршување, тие часови му се признаваат во следниот тригодишен циклус.

 

Уредбата со Законска сила може да ја симнете на следниот линк:

[lists style=”style3″]

[/lists]