Централен регистар објави соопштение за рокот за доставување на одобрени финансиски извештаи со годишниот извештај за работа до ЦРМ
Во профолжение го проследуваме соопштението во целост:
Владата на Република Северна Македонија на седницата одржана на 29 мај 2020 година, донесе Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за примена на Законот за трговски друштва за време на вонредната состојба, објавена во Сл.весник бр.140/20 од 29.05.2020 година.
Согласно Уредбата, рокот за доставување на одобрените финансиски извештаи со годишниот извештај за работа, ревидираната годишна сметка, односно ревидираните финансиски извештаи за 2019 година, за големите и средни трговци организирани како акционерски друштва и за големите и средни трговци организирани како друштва со ограничена одговорност, до Регистарот на годишни сметки при Централниот регистар на Република Северна Македонија епродолжен до 05.10.2020 година.