pexels-fauxels-3183153

Измени на Законот за ДДВ со примена од 01.01.2021 Информативен напис

-

ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ДДВ КОИ СТАПУВААТ ВО СИЛА ОД 01.01.2021 ГОДИНА – НОВА ДДВ ПРИЈАВА

Во Службен весник на РСМ бр. 267/2020 од 09.11.2020 година, објавени се измени на Законот за данокот на додадена вредност.

Со Законот за изменување на Законот за ДДВ се вршат следните измени и дополнувања:

  • 1.Со членoт 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за ДДВ, се врши ослободување од данокот на додадена вреднсот за прометот на добра и услуги кои како донација се дадени на буџетски корисници како и прометот на добра и услуги извршен кон буџетски корисници кој се плаќа со финансиски средства од примени донации, а со цел справување со Коронавирусот COVID-19.

  •  
  • 2.Со членот 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за ДДВ се пропишува дополнителна повластена даночна стапка од 10%.

  •  
  • 3.Со членот 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за ДДВ се пропишува повластена даночна стапка од 5%, почнувајќи од 01 јануари 2021 година, за определени занаетчиски услуги коишто се вршат од страна на занаетчии коишто се запишани во занаетчиски регистар.

  •  
  • 4.Со членот 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за ДДВ се пропишува повластена даночна стапка од 10% за предавањето на храна и пијалаци за консумација на лице место и кетеринг услуги, со исклучок на алкохолни пијалаци. Оваа одредба ќе се применува од 01 јануари 2021 година.

  •  
  • 5.Со членот 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за ДДВсе пропишува за даночниот обврзник-приматели на прометот на добра и услуги за кој е даночен должник согласно членот 32-а од ЗДДВ, се пропишува обврска да изготви извештај за примени промети од членот 32-а од ЗДДВ, и истиот го доставува заедно со даночната пријава до надлежниот даночен орган.

  •  
  • 6.Со членот 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за ДДВ се врши одложување на обврската за плаќање на данокот на додадена вредност за дополнителни 7 дена по истекот на роковите во кои се поднесува даночната пријава.

  •  
  • 7.Со членот 7 од Законот за изменување и дополнување на Законот за ДДВ се пропишува одредба според која разликата на данокот нема да им се врати на даночните обврзници кои во даночната пријава искажале барање за отстапување на разликата за данокот за намирување на даночни обврски на друг даночен обврзник. Доколку разликата на данокот притоа е поголема од износот кој се користи за намирување на даночни обврски на друг даночен обврзник, остатокот ќе се врати на даночниот обврзник. Барањето за отстапување на разликата на данок не може да се  користи доколку даночниот обврзник има долгови по други јавни давачки.

  •  
  • 8.Со членот 8 од Законот за изменување и дополнување на Законот за ДДВ се дава можност даночните обврзници да имаат можност фактурите, покрај во хартиена форма, да ги издаваат и во електронска форма (pdf или друг електронски формат). Ова е со цел да се олесни работењето на даночните обврзници, како и да се спречи користењето на хартија со цел намалување на ризикот од ширење на Коронавирусот COVID-19.

 

Целиот Информативен напис симнете го на следниот линк:

[button title=”Информативен-напис – ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ДДВ СО ПРИМЕНА ОД 01.01.2021 ” description=”Информативен напис – Јануари 2021 година – Измени на Законот за ДДВ со примена од 01.01.2021″ textcolor=”#ffffff” width=”100%” url=”https://bit.ly/2XU7cCc” bgcolor=”#008eb7″ align=”left”]