ujp logo

Рокот за ДДВ-04 продолжен до 29.01.2021 година

-

УЈП: ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДДВ-04 ДО 29 ЈАНУАРИ 2021 ГОДИНА

 

Со воведувањето на нов образец ДДВ 04 согласно измените и дополнувањата на Закон за данокот на додадена вредност (Службен весник на РСМ, бр. 267/20), увидено е отежнато поднесување на образецот ДДВ-04.

УЈП, ги известува даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на образецот ДДВ-04 за даночниот период од 01.10.2020-31.12.2020 и 01.12.2020 -31.12.2020 се продолжува за 4 дена, односно за краен рок за поднесување ќе се смета  29 јануари 2021.