centralen-registar

Централен регистар ќе го продолжи рокот за поднесување годишна сметка до 25.03.2021 година

-

Централен регистар соопшти дека го продолжува рокот за поднесување годишна сметка

Во прилог ви го пренесуваме соопштението на Централниот регистаар:

Почитувани,

Согласно барањата пристигнати до Централниот регистар, со кои се бара одложување на рокот за доставување на годишна сметка Ве известуваме дека Централниот регистар одлучи да излезе во пресрет на обврзниците за поднесување на годишна сметка и на сметководителите и да го продолжи рокот за електронско поднесување заклучно со 25.03.2021 година до 24 часот. Ваквата одлука за пролонгирање на рокот се носи согласно ситуацијата и мерките од Владата за заштита и превенција од вирусот covid-19, како и поради тоа што голем број од сметководителите се заболени од вирусот и не се во можност да ги запазат законските рокови. Одлуката за пролонгирање на рокот е во согласност со член 477 од Законот за Трговски друштва.

Иако заклучно со вчерашниот ден 11.03.2021 година над 90% од обврзниците веќе ја поднеле годишната сметка, сепак Централен регистар како сервисно ориентирана институција, секогаш е спремна да одговори на барањата на своите корисници, во рамките на законските можности.