Plata-smetkovoditeli.com.mk

Податоци за плата за месец март 2021

-

Податоци за плата за месец Март 2021 

Преземете Податоци за плата за месец 03 – 2021 во pdf тука

Стапки на социјални придонеси на платите кои се применуваат во 2021 година

Придонес за задолжително ПИО

18,8%

Придонес за задолжително здравствено осигурување

7,5%

Дополнителен придонес за задолжително здравствено осигурување за случај на повреда на работа и професиоанлно заболување

0,5%

Придонес за задолжително осигурување во случај на невработеност

1,2%

Вкупни придонеси

28%

Единствена стапка на данок на доход 

10%

  
ОСНОВИЦИ ЗА ПРЕСМЕТКА НА ДАНОЦИ И ПРИДОНЕСИ

Просечна исплатена месечна бруто плата по работник за 2021 година

41.141,00

Најниска основица за даноци и придонеси ( ПИО, здравство, дополнително здравство и вработување) за 2021 година (41.141,00 * 50% =20.571,00)

20.571,00

Највисока основица за даноци и придонеси ( ПИО, здравство, дополнително здравство и вработување) за 2021 година (16 * 41.141,00 = 658.256,00 )

658.256,00

Минимална плата во Република Македонија во нето износ за Март 2021 година (ослободување 8.438)

14.955,00

Минимална плата во Република Македонија во бруто износ за Март 2021 (ослободување 8.438)

21.776,00

Лично ослободување за 2021 година

8.438,00

Дневница за службено патување во земјата 

2.244,00

Највисока месечна основица за пресметување и уплата на придонесите за самовработено лице за 2021 година (12*41.141,00=493.692,00)

493.692,00

 

Пресметајте бруто од нето плата со нашиот калкулатор тука.

Приватен сектор според објава од 23.03.2021 година

Просечна месечна бруто плата по вработен

42.204

Просечна месечна нето плата по вработен

28.272

Согласно соопштението на Државниот завод за статистика на Република Северна Македонија од 23.03.2021 година, просечна исплатена месечна бруто плата по вработен во претходните три месеци ( 11-2020, 12-2020, 01-2021 година)

41.856

Просечна исплатена нето плата за месеци 11,12-2020 и 01-2021 а се однесува за месец Март 2021 година- ОСНОВИЦА ЗА ПРЕСМЕТКА НА НАДОМЕСТОЦИ

28.050

Најнизок износ за регрес за годишен одмор (40% од просечна исплатена плата) се оданочува со данок на личен доход како доход од работа по стапка од 10%

11.220

Даночно признат расход за Регрес за годишен одмор од апсект на данок од добивка (просечна месечна бруто плата по вработен * 40% )

16.882

Отпремнина при заминување во пензија (износ ослободен од данок на личен доход) = 2 просечни исплатени нето плати во претходните три месеци

56.100

Јубилејна награда за најмалку десет години поминати на работа кај ист работодавач ( износ кој се оданочува со данок на личен доход како доход од работа по стапка од 10%)

28.050

Надоместок за одвоен живот од семејството ( 60% од основицата ) износ ослободен од данок на личен доход

16.830

Дневници за службени патувања во земјата ( 8% од основицата) износ ослободен од данок на личен доход

2.244

*Испратнина (технолошки вишок) ослободено од  данок на личен доход

50% од просечна нето плата

28.272

14.136

Помош во случај на смрт на работник ( 3 просечни исплатени нето плати во претходните три месеци) износ ослободен од данок на личен доход

84.150

Помош во случај на смрт на член во семјеството ( 2 просечни исплатени нето плати во претходните три месеци) износ ослободен од данок на личен доход

56.100

Помош во случај на елементарни непогоди ( 1 просечна исплатена нето плата во претходните три месеци) износ ослободен од данок на личен доход

28.050

Надомест за боледување за повреда на работа и професионално заболување подолго од 6 месеци (во висина на основицата) – овој износ подлежни на оданочување со данок на личен доход  по стапки од 10% 

28.050

Трошок за организирана исхрана за 2021 година ( 20% од просечна нето плата во РМ во претходната 2020 година ) износ ослободен од данок на личен доход

5.436

Придонеси за добороволно пензиско осигурување за вработени лица (трет пензиски фонд) износ ослободен со данок на личен доход на годишно ниво

76.638

Уплатена премија за животно осигурување за вработени лица- износ ослободен со данок на личен доход на годино ниво

76.638

*Испратнина:
Износ 

 до 5 години работен стаж

1 нето плата

5-10 години работен стаж

2.5 нето плати

10-15 години работен стаж

3.5 нето плати

15-20 години работен стаж

4.5 нето плати

20-25 години работен стаж

6 нето плати

над 25 години работен стаж

7 нето плати

Основица за пресметка на испратнина која се утврдува од просечната нето плата на работникот во последните 6 месеци пред отказот не смее да биде помала од 50% од просечната нето плата исплатена по работник во државата во последниот месец пред отказот.
Јавен сектор според објава од 23.03.2021 година

Просечна месечна нето плата по вработен

28.272

Просечна исплатена нето плата во претходните три месеци (11-2020, 12-2020, 01-2021 година а кои важат за месец Март 2021)

28.050

Надоместок за одвоен живот од семејството (30% од просечна месечна нето плата исплатена во РМ во претходните три месеци) износ ослободен од данок на личен доход

8.415

Помош во случај на смрт на работник- ослободен износ од  данок на личен доход

30.000

Помош во случај на смрт на член на семејството- износ ослободен од данок на личен доход

15.000

Јубилејна награда-не се исплатува

0

Дневници за службени патувања во земјата-не се исплатува

0

отпремнина при заминување на работник во пензија ( 2 просечни месечни нето плати по работник)-ослободен износ од данок на личен доход

56.544

Надомест за боледување подолго од 6 месеци – износ оданочив со данок на личен доход и тоа со стапка од 10%

еднократен паричен надоместок во висина од една последна исплатена просечна месечна нето плата во органот каде што е вработен)

  

Надомест на трошоци за храна и превоз за лица волонтери за Март 2021 (во висина од 15% од просечна месечна бруто плата, исплатена во 2019 година- износ ослободен од  данок на личен доход

6.085