Утврдена висината на минималната плата – од платата за април 2021
Утврдена висината на минималната плата – од платата за април 2021
Економско социјалниот совет (ЕСС) на денешната седница, со која претседаваше министерката за труд и социјална политика, ја утврди висината на минималната плата, во согласност со Законот за минимална плата, кој предвидува нејзино усогласување во март секоја година.
Висината на минималната плата ќе се покачи за 1,7 проценти и од април 2021 година ќе изнесува 22,146 денари во бруто износ.
Усогласувањето на платата се врши врз основа на законски предвидените параметри:
- една третина од порастот на просечно исплатената плата во Република Северна Македонија,
- една третина од порастот на индексот на трошоците на живот, како и
- една третина од реалниот пораст на БДП.
Во согласност со овие критериуми минималната нето плата ќе изнесува 15, 194 денари.
Пресметајте ја платата од нето во бруто со нашиот калкулатор: