Информативен напис – Распределба на добивка, дивиденда – правен, сметководствен и даночен аспект
admin -ИНФОРМАТИВЕН НАПИС: РАСПРЕДЕЛБА НА ДОБИВКА ЗА 2020 ГОДИНА
Постапката и начинот на усвојувањето на резултатот од работењето и распоредот на добивката кај друштвата со ограничена одговорност се уредени со Законот за трговски друштва („Службен весник на РМ“ бр. 28/04…290/20 )
Поаѓајќи од дефиницијата во ЗТД, според која, “трговското друштво самостојно трајно врши дејност, заради остварување добивка”, се доаѓа до заклучок дека секое трговско друштво, од било кој вид или големина, се основа со главна цел стекнување на добивка.
Целта на основање на трговско друштво за сопствениците (основачи, содружници) е здружување на нивни заеднички средства и пари (основна главнина) заради остварување на добивка која заеднички ја делат според нивниот удел во друштвото, а се разбира и заеднички на ист начин ја покриваат и евентуалната загуба на друштвото, во тој контекст е и членот 19 ст.1 од ЗТД, според кој “Трговското друштво е правно лице во коешто едно или повеќе лица вложуваат пари, ствари или права во имот што го користат за заедничко работење и заеднички ја делат добивката и загубата од работењето”.
Добивката се распоредува по следниот редослед:
дел од добивката за покривање на загуба од минати години (доколку таква има);
законски и статутарни резерви на друштвото;
дел од добивката наменет за исплата на дивиденда;
дополнителни издатоци врз основа на одлука;
евентуалниот пренос на добивката во наредната година (акумулираната добивка);
дел од добивката наменет за зголемување на основната главнина – доколку се планира зголемување на истата.
Целиот Информативен напис симнете го на следниот линк:
[button title=”Информативен-напис – РАСПРЕДЕЛБА НА ДОБИВКА ЗА 2020 ГОДИНА ” description=”Информативен напис – март 2021 година – Распределба на добивка за 2020 година – правен, сметководствен и даночен третман” textcolor=”#ffffff” width=”100%” url=”https://bit.ly/3ur9Q0q” bgcolor=”#008eb7″ align=”left”]
Прилог обрасците за одржување на Собир на содружници за усвојување на завршна сметка и распоредување на добивка во работна форма може да ги симнете тука:
[lists style=”style3″]
- Записник-за-годишна-добивка-и-дивиденда-2020
- Одлука-за-исплата-на-дивиденда
- Одлука-за-покривање-на-загуба
- Одлука-за-распоредување-на-добивка
- Одлука-за-распоредување-на-добивка-за-реинвестирање
- Одлука-за-усвојување-на-завршна-сметка
- Покана-за-собир-на-содружници
[/lists]