СООПШТЕНИЕ НА МТСП ЗА НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ ЗА ПРЕТСТОЈНИОТ ВИКЕНД
СООПШТЕНИЕ НА МТСП ЗА НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ ЗА ПРЕТСТОЈНИОТ ВИКЕНД
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 30 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија. 03 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Министерството за труд и социјална политика исто така соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 1 Мај 2021 година (сабота), Денот на трудот е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ :
- 30 април, Велики Петок – неработен ден за граѓаните од православна вероисповед
- 1 Мај, Ден на трудот – неработен ден за сите граѓани на РСМ
- 3 мај, Велигден, вториот ден на Велигден – неработен ден за сите граѓани на РСМ