Рокови за поднесоци до УЈП во месец Јануари
Рокови за поднесоци до УЈП во месец Јануари 2023 година
- Регистрација за целите на ДДВ
Правните лица кои надминале приход од 2.000.000 денари до 31.12.2022 година се обврзани да се регистрираат за целите на ДДВ до 15.01.2023 година. Исто така за целите на ДДВ може да се регистрира и правно или физичко лице кое врши дејност а доброволно сака да се регистрира за целите на ДДВ. Во двата случаеви регистрацијата се врши со поднесување на пријава за регистрација за ДДВ на (образец “ДДВ-01”).
Рок на поднесување: до 15-ти Јануари 2023
-
Дерегистрација за целите на ДДВ
Даночните обврзници кои вршат стопанска дејност и се регистрирани за целите на ДДВ, може по истекот на 3 или 2 години од почетокот на регистрацијата за ДДВ, да се дерегистрираат со поднесување на (образец “ДДВ-01Б”), само со исполнување на пропишаните законски одредби за дерегистрација/прекинување на регистрацијата.
Рок на поднесување: до 15-ти Јануари 2023
- Поднесување на ДД-07 заради користење на ослободување од ДД заради набавени фискални апарати
Даночните обврзници кли набавиле и вовеле во употреба до10 фискални системи на опрема за регистрирање на готовински плаќања, може да поднесат (образец “ДД-07”), заради користење на даночно олеснување од данокот на добивка во Даночниот биланс за оданочување на добивка за 2022 година (образец “ДБ“).
Рок на поднесување : до 20-ти Јануари 2023
- Поднесување на ДЛД-02 заради користење на ослободување од ДЛД заради набавени фискални апарати
Даночните обврзници – вршители на самостојна дејност кои набавиле и вовеле во употреба до 10 фискални системи на опрема за регистрирање на готовински плаќања, може да поднесат (образец “ДЛД-02”), заради користење на даночно олеснување од данок на доход во Годишниот даночен биланс за утврдување на данокот на доход од вршење на самостојна дејност за 2022 година (образец “ДЛД-ДБ“).
Рок на поднесување : до 20-ти Јануари 2023
- Поднесување на барање за согласност за признавање на расход во даночен биланс (образец “ДД- БС)
Преостанатата сегашна вредност на средствата кои не можат понатаму да се користат може да се амортизира во целина независно од пропишаниот век на траење, при што за таквата амортизација во целина да влезе како расход при утврдување на основата за оданочување, треба да поднесете образец Барање-согласност за признавање на расход во даночен биланс (образец “ДД- БС”) во електронска форма преку http://etax.ujp.gov.mk
Рок на поднесување : до 31–ви Јануари 2023
- Поднесување на барање за согласност за признавање на расход во даночен биланс кај вршители на самостојна дејност (образец “ДЛД- БС)
Вршителите на самостојна дејност, преостанатата сегашна вредност на средствата кои не можат понатаму да се користат може да ги амортизираат во целина независно од пропишаниот век на траење, при што за таквата амортизација во целина да влезе како расход при утврдување на основата за оданочување, поднесете образец Барање на согласност за признавање на расход од работењето на обврзникот (образец “ДЛД- БС”) во електронска форма преку преку e-pdd.ujp.gov.mk
Рок на поднесување : до 31–ви Јануари 2023