15-ти Јануари е последниот рок за уплата на надоместок од 2% од приходот остварен во недела во текот на 2022 година
15-ти Јануари е последниот рок за уплата на надоместок од 2% од приходот остварен во недела и празници во текот на 2022 година
Според член 25 став 6 од Законот за трговија (Службен весник на Република Македонија бр 16/04 …150/22),
- продавниците на бензиски станици во чии рамки се врши трговија на мало претежно со храна, пијалоци и тутун и
- продавници, киосци и штандови во трговски центри (молови) кои ги исполнуваат минимално техничките услови, за да можат да работат во ден недела и на празници,
откако ќе го пријават работното време за работа во ден недела и на празници треба до 15 јануари 2023 година, да уплатат надоместок во висина од 2% од приходот остварен во ден недела и на празници во 2022 година.
Средствата од уплатата се наменети во Фонд за развој и човечки капитал. Одредбата за надоместок во висина од 2% ќе важи од 1 јануари 2023 година, а ќе се пресметува на вкупниот приход остварен во ден недела и на празници во 2022 година.
Уплатата на надоместокот треба да се изврши до 15 јануари 2023 година на образец (ПП50), и секоја наредна година последователно на вкупниот приход остварен во претходната година.
Во прилог теркот на образецот (ПП50):
Уплатница 2% – од приход од работа во недела и празници