БРУТО ПЛАТА 2023 – НАЈНИСКА И НАЈВИСОКА ОСНОВИЦА ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ПРИДОНЕСИ
БРУТО ПЛАТА 2023 – НАЈНИСКА И НАЈВИСОКА ОСНОВИЦА ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ПРИДОНЕСИ
Просечната плата по работник во Република Северна Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2023 година изнесува 49.397 денари согласно објавата од Државен завод за статистика линк.
Според објавата на УЈП, Просечната плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување и тоа за пресметките за плата кои се однесуваат за период од месец Јануари до месец Декември 2023 година.
- Најниската основица за пресметка на придонесите за 2023 година изнесува 24.699,00 денари (50% од 49.397)
- Највисока основица за пресметка на придонесите за 2023 година за примањата од работен однос и за примања на извршен член на одбор на директори, член на управен одбор, односно управител во трговско друштво изнесува 790.352,00 денари (16 x 49.397)
- Највисока основица за пресметка на придонесите за 2023 година за самовработено лице изнесува 592.764,00 денари (12 x 49.397)
Обврзниците треба да ја преземат новата верзија на клиентскиот софтвер – МПИН која го содржи новиот параметар
ИЗНОС НА ПРОСЕЧНА ПЛАТА (пресметки / исправки) |
||||||
2023 | 2022 | 2021 | 2020 | 2019 | ||
49.397 | 43.509 | 41.141 | 38.319 | 36.017 | ||
2018 | 2017 | 2016 | 2015 | 2014 | ||
34.079 | 32.877 | 32.268 | 31.644 | 30.902 | ||
2013 | 2012 | 2011 | 2010 | 2009 | ||
30.595 | 30.591 | 30.349 | 29.829 | 27.507 |
Напомена: Сите обврзници кои до овој момент имаат поднесено и исплатено конечни пресметки за Јануари 2022 година, а исплатуваат плати под најниската основица или над највисоката основица за пресметка на социјалните придонеси, треба да поднесат исправки (103) на истите, со утврдениот износ на просечната плата.