e3823fe2e02931eee83f491ba1ee32af_XL

Известување од ИСОС за издадени нови Одобренија за спроведување на КПУ Обуки

-

Известување од ИСОС за издадени нови Одобренија за спроведување на КПУ Обуки

Во продолжение ви го пренесуваме Известувањето на ИСОС:

Ве известуваме дека Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија спроведе постапка за утврдување на исполнување на законските критериуми за издавање на одобрение за спроведување на обуки за континуирано професионално усовршување под надзор на Институтот.

Горенаведената постапка го опфати постапувањето по приговорите вложени од  правните лицa на кои им беше издадено Решение, кои беа пристигнати во Институтот заклучно со 25.01.2023 година.

За горенаведеното повторно беше свикана Комисијата за избор на вршител на должност од член 72 од Законот за вршење на сметководствени работи, составена од 5 члена која заедно со ВД Претседателот на Институтот утврди кои од подносителите на приговор ги исполнуваат законските критериуми.

Правните лица на кои им се издава одобрение за спроведување на обуки се:

  • Друштво за економско-правен консалтинг ПЕКОВИЌ ДООЕЛ Скопје
  • Друштво за консалтинг услуги ПРО КОНСАЛТИНГ ПРО ДООЕЛ Тетово
  • МСФИ КОНСАЛТИНГ ЗА СМЕТКОВОДСТВО, ДАНОЧНИ СОВЕТИ И ПЛАНИРАЊЕ ДООЕЛ
  • Друштво за консалтинг услуги СМЕТКОВОДСТВО ФИНАНСИИ И ДАНОЦИ СФИД ДОО Скопје
  • Друштво за ревизија и консалтинг ГЛОБАЛ ГРОУП КОНСАЛТИНГ ДОО Скопје