Ceni na testenini

Одлуките за ограничување на цени на мало на тестенини и млечни производи објавени во Службен весник

-

Одлуките за ограничување на цени на мало на тестенини и млечни производи објавени во Службен весник

Во службен весник на РСМ бр. 52 од 09.03.2023 година, објавени се Одлуките за ограничување на цена на мало за одредени производи како и Одлуката за укинување на царински давачки за тестенини.


  1. Одлука за определување на највисоки цени на одделни производи во трговија на мало 

Со оваа одлука се определуваат највисоките цени во трговијата на мало нa тестенини неварени, неполнети ниту поинаку приготвени, што не содржат обично пченично брашно или гриз, без додаток на јајца (макарони и шпагети).

Највисоките цени на овие производи се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале на 1 март 2023 година, во трговијата на мало, кои цени се намалуваат за 15%.

Највисоките цени на производите на овие производи ќе се применува од 16 март 2023 година до 31 мај 2023 година.


2. Одлука за укинување на царински давачки за увоз на тестенини

Со оваа одлука се пропишува мерка за укинување на увозните давачки – царинските
давачки при увоз на тестенини неварени, неполнети ниту поинаку приготвени и тоа:

Стоките од членот 1 од оваа одлука ќе се увезуваат од 13 март 2023 година до 31 мај
2023 година.