СЕ ПРОДОЛЖУВА РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДДВ-04 ПРИЈАВИТЕ ДО 26 ЈУЛИ
Според соопштението на Управата за јавни приходи, поради прекин на електрично напојување во зградата каде е сместена Генералната Дирекција на УЈП, отежнато функционираат системите на Управата за јавни приходи.
Согласно Законот за даночна постапка, а со цел одбегнување на отежнатото поднесување на даночните пријави преку системот е-Даноци заради настанатите технички проблеми, Управата за јавни приходи ги известува даночните обврзници и сметководителите дека се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите за 1 (еден) работен ден.
Како краен рок за поднесување на даночните пријави ДДВ-04 за даночните периоди 01-04.2023 – 30.06.2023 и за 01.06.2023 – 30.06.2023 година од месечните и тримесечните обврзници за ДДВ наместо 25.07.2023 година ќе се смета 26.07.2023 година.