e3823fe2e02931eee83f491ba1ee32af_XL

ИСОС со известување во врска со Правилникот

-

ИСОС ги известува сметководителите и овластените сметководители во врска со усогласувањето на работењето со новиот правилник.

Почитувани,

Поради многубројни прашања во врска со член 22 од Правилник за начин на и постапка за издавање на уверение за сметководител и овластен сметководител и упис во регистар од 26.05.2023, Институтот Ве известува дека рокот за доставување писмено известување за усогласување се продолжува до среда 30.08.2023 година.

Имено, напоменуваме дека усогласување треба да направат само физичките и правните лица кои  не се согласно условите наведени во Правилникот.

Известување и документи треба да достават САМО  физичките лица  и правните субјекти кои се усогласуваат со цел да ги исполнат условите од Правилникот.

Оттука, напоменуваме дека лицата и субјектите кои се согласно Правилникот, не треба да доставуваат или ажурирааат податоци.

Во зависност од промените кои се направени, физичките лица и правните субјекти треба да достават Писмено известување со соодветен доказ за извршените промени согласно Правилникот.

Линк од правилникот

Доставата на Известувањето  и комплет документацијата може да се достави по пошта на адреса „Кеј 13ти Ноември“ кула 2/8 ГТЦ Центар Скопје или електронски на [email protected].

Со почит,

ИСОС