ИСОС со Повик за ажурирање на податоци на сметководителите и овластените сметководители
Соопштение на ИСОС во врска со ажурирање на податоци на сите сметководители и овластени сметководители
Ви го пренесуваме во целост соопштението на ИСОС:
Почитувани членови,
Институт на сметководители и овластени сметководители ги повикува своите членови да постапат согласно соопштението за ажурирање податоци кое е во продолжение:
Институтот на сметководители и овластени сметководители ги повикува сите сметководители и овластени сметководители да ги ажурираат и проверат своите податоци на веб платформата. Ве молиме уредно проверете и пополнете ЕМБС на правниот субјект, назив на фирма, датум на вработување,полно/скратено/дополнително работно време, право да потпишува годишна сметка и финансиски извештаи, право да потпишува даночни пријави и биланси и тип на правен субјект согласно член 35 став 6 од ЗВСР врска со член 10 став 2 точка 6 од Статутот на Институтот.
За ажурирање на податоците треба да се најавите на следниот линк: https://smetkovoditel.isos.com.mk
Исто така согласно законските обврски, ги повикуваме сите активни членови (сметководители и овластени сметководители) да ги подмират своите обврски кон Институтот по основ на чланарина согласно член 10 став 2 точка 7 од Статутот на Институтот, во спротивно ќе се постапи согласно член 36 став 1 точка 3 од ЗВСР.