Prasanje

Даночна основа, од аспект на данок на добивка

-

Прашање: Што претставува даночна основа, од аспект на данок на добивка?

Одговор: Според член 7 од Законот за данок на добивка, основа за пресметување на данокот од добивка е добивката која се утврдува во даночниот биланс.

Основа за пресметување на данокот од добивка се утврдува како разлика меѓу вкупните приходи и вкупните расходи на даночниот обврзник во износи утврдени согласно со прописите за сметководството и сметководствените стандарди.Даночната основа  се зголемува за непризнаените расходи и помалку искажаните приходи за даночни цели.