Prasanje

Кои трошоци (расходи) за амортизација претставуваат непризнати расходи за даночни цели од аспект на данок на добивк

-

Прашање: Кои трошоци (расходи) за амортизација претставуваат непризнати расходи за даночни цели од аспект на данок на добивка?

Одговор: Според член 9-а од Законот за данок на добивка, како непризнаени расходи за даночни цели се сметаат и трошоците за амортизација на ревалоризираната вредност на материјалните и нематеријалните средства. Трошоците за амортизација на материјалните и нематеријалните средства се признаваат како расход во даночниот биланс до износот пресметан на набавната вредност на средствата со примена на амортизационите стапки утврдени со Номенклатурата на средствата за амортизација. Одбраниот метод на амортизација се применува до конечна амортизација на поединечното средство или група средства. Амортизирано средство или група средства не можат повторно да се вклучат во пресметка на амортизација при утврдување на основата за оданочување. Преостанатата сегашна вредност на средствата кои не можат понатаму да се користат може да се амортизира во целина независно од пропишаниот век на траење, при што за таквата амортизација во целина да влезе како расход при утврдување на основата за оданочување, најдоцна до 31 јануари наредната година се поднесува барање за издавање на согласност до Управата за јавни приходи, која во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето ја издава согласноста.  Владата на Република Северна Македонија ја утврдува Номенклатурата на средствата за амортизација и годишните амортизациони стапки, како и начинот на пресметување на амортизацијата, односно отписот на вредноста на материјалните и нематеријалните средства.

Номенклатурата за амортизација може да ја најдете во е-база.