Непризнати расходи за даночни цели од аспект на данок на добивка (член 9)
Прашање: Кои трошоци (расходи) претставуваат непризнати расходи за даночни цели од аспект на данок на добивка?
Одговор: Според член 9 од Законот за данок на добивка, како непризнаени расходи за даночни цели се сметаат:
- расходите кои не се поврзани со вршење на дејност на субјектот, односно не се непосреден услов за извршување на таа дејност и не се последица од вршењето на таа дејност;
Според член 9, став 2 од Законот за данок на добивка, следните надоместоци на трошоци и други лични примања од работен однос претставуваат признати трошоци од аспект на данок на добивка:
- најнискиот износ на дневници за службени патувања, теренски додаток или одвоен живот утврден со Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството на Република Северна Македонија и прописите за органите на државната управа, при што исплатите по овој основ меѓусебно се исклучуваат. Висината на износот на признати дневници, може да ги видете во нашата база во делот на дневници за службени патувања;
- износот на помош во случај на смрт на вработениот и на член на неговото семејство утврден со Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството на Република Северна Македонија и прописите за органите на државната управа,
- најнискиот износ на помош за претрпени штети од елементарни непогоди утврден со Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството на Република Северна Македонија;
- најнискиот износ на отпремнина која се дава при заминување во пензија утврден со Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството на Република Северна Македонија и прописите за органите на државната управа;
- износот на еднократен надоместок – испратнина заради трајно работно ангажирање на работниците при откажување на договорот за вработување од деловни причини (технолошки, економски, организациони и слични промени) утврден со закон;
- износот на регрес за годишен одмор во висина од 80% од просечната месечна бруто плата по работник во Република Северна Македонија, објавена до денот на исплатата;
- износот на јубилејни награди за најмалку десет години работа кај ист работодавач во висина на просечна месечна плата по работник во Република Северна Македонија исплатена во последните три месеци објавена од Државниот завод за статистика;
- износот на надоместоци на трошоци за користење на сопствено возило на вработениот за потребите на работодавачот, во висина од 30% од исплатениот износ но најмногу до 60.000 денари на годишно ниво;
- износот на надоместокот заради непрекинато боледување подолго од шест месеци предизвикано со повреда на работа или професионално заболување во висина на просечната месечна плата по работник во Република Северна Македонија исплатена во последните три месеци и објавена од Државниот завод за статистика;
- износот на надоместокот заради непрекинато боледување подолго од шест месеци предизвикано со повреда на работа или професионално заболување во висина на просечната месечна плата по работник во Република Северна Македонија исплатена во последните три месеци и објавена од Државниот завод за статистика;
- износот на надоместокот при селидби на вработените за потребите на работодавачот во висина на стварните трошоци направени за превоз на покуќнината и на семејството;
- трошоците за организирана исхрана и превоз во јавниот сообраќај на вработените, до износите утврдени со закон;
- надоместоци на трошоци за хотелско сместување (категорија повисока од четири ѕвездички) во износ до 6.000 денари дневно по лице и надоместоци на трошоци за превоз на лица кои не се вработени кај исплатувачот, а се ангажирани во функција на дејноста на исплатувачот (во земјата и во странство), доколку истите се документирани;
- надоместокот на трошоци за исхрана на вработените кои работат ноќно време, до износите утврдени со Законот за работните односи;
- трошоците по основ на месечните надоместоци на членовите на органите на управување до 50% од просечната месечна бруто плата исплатена во претходната година во Република Северна Македонија, при што како надоместоци на членови на органите на управување се сметаат месечниот надоместок, односно паушал, надоместоците за патни и дневни трошоци;
- трошоците по основ на уплатени доброволни придонеси во доброволен пензиски фонд до износот од две просечни месечни бруто плати, исплатени во претходната година во Република Северна Македонија, на годишно ниво по вработен;
- трошоци по основ на уплатени премии за доброволно здравствено осигурување до износот од една просечна месечна бруто плата, исплатена во претходната година во Република Северна Македонија, на годишно ниво по вработен;
- надоместоците за лицата волонтери според членот 10 став (2) од Законот за волонтерство и за лицата ангажирани за вршење на јавни работи согласно со членот 85 од Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност исплатени до износите утврдени со закон;
Според член 9 став (2) од Законот за данок на добивка, непризнати расходи за даночни цело од аспект на данокот на добивка се:
- скриените исплати на добивки како што се: давање на одредени производи и услуги на содружниците или акционерите или на нив поврзани лица по цена пониска од пазарната, вклучувајќи ја и пониската камата на одобрените заеми; плаќање за добиените производи и услуги од содружниците или акционерите или на нив поврзани лица, по цени повисоки од пазарните и овозможување на стекнување на добивки на содружниците или акционерите или на нив поврзани лица;
- кусоци кои не се предизвикани од вонредни настани (кражба, пожар или други природни непогоди), кои не се на трошок на платата на одговорното лице;
- трошоците направени за репрезентација во висина од 90%;
- трошоците за донации направени во согласност со Законот за донации и спонзорства во јавните дејности, над 5% од вкупниот приход остварен во годината;
- трошоците за спонзорства направени во согласност со Законот за донации и спонзорства во јавните дејности, над 3% од вкупниот приход остварен во годината;
- трошоци по основ на камата по кредити кои не се користат за вршење на дејноста на обврзникот како и износот на каматите по кредити за набавка на патнички автомобили, мебел, теписи, уметнички дела од ликовната и применетата уметност и украсни предмети;
- осигурителни премии кои ги плаќа работодавачот во корист на членовите на органите на управување, како и на вработените доколку истите не се одбиваат од плата, освен личното колективно осигурување на работниците за повреди на работа;
- даноците по задршка (одбивка) исплатени во име на трети лица кои се на товар на трошоците на даночниот обврзник;
- паричните и даночните казни, пеналите и казнените камати за ненавремена уплата на јавните давачки и на трошоците за присилна наплата;
- стипендии, освен стипендиите доделени на начин и под услови утврдени со Законот за донации и спонзорства во јавните дејности кои се оданочуваат според одредбите од точката 10) на овој член, во кои не спаѓаат трошоците за обука и специјализација на вработените заради остварувањето на дејноста на даночниот обврзник, под услов истите да продолжат со работа кај истиот работодавач, во временски период утврден со договор, кој не е пократок од три години сметано од годината на стекнувањето со соодветните знаења;
- трошоците на кало, растур, крш и расипување над нормираните износи утврдени за соодветната гранка, под услов истите да не се настанати како резултат на вонреден настан или виша сила;
- трајниот отпис на ненаплатените побарувања, освен трајниот отпис на ненаплатените побарувања по основ на придонеси од задолжително социјално осигурување и
- трошоците за нето износот на примањата по основ на деловна успешност над износот на кој се пресметани придонеси согласно со закон.
- надоместок за практикантска работа над износите пропишани согласно со Законот за практиканство;
- надоместок за практична обука на ученици и практична настава на студенти во висина над 000 денари месечно и
- платени лабораториски тестови за COVID-19 за вработени лица во износ поголем од 50% од просечната месечна бруто плата исплатена во претходната година во Република Северна Македонија, на годишно ниво по вработен.
- Нормираните износи на кало, растур, крш и расипување на стоки и одделни производи утврдени за секоја соодветна гранка за даночни цели ги пропишува министерот за финансии.