Prasanje

Даночен третман на дадени а невратени заеми на физички лица од аспект на данок на добивка

-

ПРАШАЊЕ: Дали дадените а невратени заеми или позајмици до крај на годината се признати трошоци од аспект на данокот на добивка?

Според член 11 од Законот за данок на добивка, непризнаени расходи за даночни цели се и ненаплатените побарувања кои произлегуваат од трансфери на парични средства кои по својата економска суштина се заеми, доколку не се вратени во истата година во која е извршен трансферот на заемот.

Наведеното не се однесува за дадените заеми на правни лица резиденти на Република Северна Македонија.