Трошоците за исправки на вредност кај банки и штедилници се признати трошоци од аспект на данокот на добивка
ПРАШАЊЕ: Дали трошоците за исправки на вредност кај банки и штедилници се признати трошоци од аспект на данокот на добивка?
Според член 10 од Законот за данок на добивка, непризнати расходи за даночни цели се и трошоците за исправка на вредноста на ненаплатените побарувања, освен исправките на вредноста кај банките, штедилниците и осигурителните друштва на начин утврден со закон, како и ненаплатените побарувања по основ на придонеси од задолжително социјално осигурување.
По исклучок на горенаведеното, трошоците за исправка на вредноста на ненаплатените побарувања се признаваат како расход, за побарувањата од субјектите над кои е отворена постапка на стечај и на ликвидација, доколку истите се пријавени и потврдени од страна на стечајниот управник.