Трансферни цени во трансакциите помеѓу поврзани страни од аспект на данок на добивка
ПРАШАЊЕ: Дали разликата во цена во трансакциите помеѓу поврзани страни претставуваат даночно признат расход од аспект на данок на добивка?
Непризнаен расход и помалку искажан приход за даночни цели е позитивната разлика меѓу цената на извршената деловна или финансиска трансакција меѓу поврзани лица (трансферната цена) и пазарната цена и тоа:
- износот на позитивната разлика помеѓу расходите кои произлегуваат од трансакцијата по трансферната цена и расходите кои произлегуваат од таа трансакција по цена утврдена во согласност со принципот на „дофат на рака“ (arm’s length principle) или
- износот на позитивната разлика помеѓу приходите кои произлегуваат од трансакцијата по цена утврдена во согласност со принципот на „дофат на рака“ и приходите кои произлегуваат од таа трансакција по трансферната цена.