Prasanje

Кои даночни обврзници се должни да изготват извештај за трансферни цени

-

Даночните обврзници кои во календарската година оствариле приход поголем од 300 милиони денари и имаат трансакции со поврзани страни кои надминуваат 10 милиони денари се должни да изготват Извештај за трансферни цени.

Според измените на Законот за данок на добивка, Извештајот за трансферни цени не се доставува до Управата за јавни приходи, туку се чува во просториите на даночниот обврзник.

Даночните обврзници кои имаат приход над 300 милиони денари и трансакции со поврзани страни под 10 милиони денари имаат обврска да изготват и да чуваат извештај во скратена форма.