Prasanje

Дали искажана загуба во Биланс на успех може да се пренесе на терет на идна добивка

-

Според член 19 од Законот за данок на добивка, доколку даночниот обврзник оствари загуба искажана во Билансот на успех истата намалена за непризнаените расходи искажани во даночниот биланс може да ја пренесе на товар на добивката во идните пресметковни периоди најмногу до три години сметано од годината во која е искажана загубата.

Намалувањето во даночниот биланс се врши последователно почнувајќи од износот на најрано настанатите даночни загуби.

Ова право не може да се користи во случај на измена на статусот на даночниот обврзник врз основа на спојување, припојување, поделба, сопственичка трансформација и слично.

Обврзникот кој искажува загуба, правото на пренесување на загубата го остварува со одобрение од Управата за јавни приходи, по негово барање (Образец ДД-01) кое се поднесува најдоцна до 31 март наредната година, по годината во која загубата е искажана.

Управата за јавни приходи е должна да издаде одобрение по барањето во рок од 60 дена од денот на поднесување.

Повеќе во врска со ова може да прочитате на написот Барање за пренесување на загуба на терет на идни добивки – Образец ДД-01.