Што претставува задржан данок?
Според член 20 од Законот за данок на добивка, задржан данок претставува данок на приходи утврдени во член 21 од Законот за данок на добивка кои се платени на странски правни лица.
Задржаниот данок се пресметува и плаќа по стапка од 10% од бруто приходот исплатен спрема странското правно лице освен ако помала стапка е утврдена со Договорот за избегнување на двојно оданочување склучен помеѓу Македонија и државата во која странското правно лице има седиште.