
Кои друштва се оданочуваат со данок на вкупен приход?
Според Законот за данок на добивка, друштвата кои во текот на календарската година оствариле вкупен годишен приход до 3000000 денари се оданочуваат со данок на вкупен приход.
Друштвата кои оствариле помеѓу 3000001 денари и 6000000 денари може да изберат како да се оданочуваат, помеѓу данок на вкупен приход на вкупниот остварен приход или данок на добивка на остварената добивка. Друштвата кои избрале еден од наведените начини на оданочување не можат да го менуваат истиот во рок од три години од изборот, доколку нивниот годишен приход во овие три години се движи помеѓу 3000001 денари и 6000000 денари.
Данокот на вкупен приход се пресметува во висина од 1% од вкупниот приход на друштвото остварен во календарската година и прикажан во билансот на успех на друштвото.
Друштвата кои оствариле вкупен приход од 0 до 3000000 денари се ослободени од плаќање на данок на вкупен приход.
Друштва кои се оданочуваат со данок на вкупен приход, до Управата за јавни приходи доставуваат Образец ДБ-ВП (Даночен биланс на вкупен приход) најдоцна до рокот за поднесување на годишна сметка.
На веб платформата Мој Консултант може да најдете повеќе информации и примери во врска со наведеното.