Кој треба да достави извештај за задржан данок (Образец ДД-И) ?
Според член 24 од Законот за данок на добивка, правно лице кое има обврска да го задржи данокот, поднесува еднаш годишно извештај за уплатениот данок по задршка (образец ДД-И) до Управата за јавни приходи до 15 февруари наредната година, по годината во која постоела обврска за задржување на данокот.
Извештај за уплатениот данок по задршка за една година ги вклучува следниве информации за секое странско правно лице во чие име е извршено задржување на данокот за односната година:
- име на исплатувачот, фирма, седиште;
- име на лицето – обврзник и држава во која лицето е резидент;
- вид и износ на приход врз кој се применува задржување на данок;
- износ на данок кој треба да се задржи и датата на доспевање на обврската и
- износ на данокот кој е задржан и дата на уплатата.