Prasanje

Плаќање на данок на добивка

-

Данокот на добивка се плаќа во рок од 30 дена од рокот за доставување на образецот за оданочување на данок на добивка (Образец ДБ). Даночниот обврзник кој се оданочува со данок на добивка, пресметува и плаќа месечни аконтации за данок на добивка (МДБ). Аконтациите се утврдуваат во износ од една дванаестина од утврдениот данок во даночниот биланс за претходната година зголемени за процентот на кумулативниот пораст на цените на мало во Републиката од претходниот период од годината, односно до 31 јануари наредната година, во однос на просечните цени на мало во претходната година. Месечните аконтации се плаќаат во рок од 15 дена по истекот на секој календарски месец. Месечниот процент за пресметка на МДБ може да го најдете на платформата Мој консултант, каде може да најдете и калкулатор за пресметка на месечна аконтација на МДБ и сметки за плаќање на даноците.

 

Данокот на вкупен приход се плаќа во рок од 30 дена од рокот за доставување на образецот за оданочување на данок на вкупен приход (Образец ДБ-ВП).