Prasanje

Што е даночен обврзник според Законот за ДДВ?

-

Според член 9 од Законот за ДДВ, даночен обврзник е лице кое трајно или повремено самостојно врши стопанска дејност, независно од целите и резултатите од оваа дејност.

Под стопанска дејност се подразбира секоја дејност на производителите, трговците и лицата кои извршуваат услуги, која има за цел остварување на приходи, вклучувајќи ги дејностите од областа на рударството, земјоделството и шумарството, како и отстапувањето на материјални и нематеријални добра за нивно користење.

Како самостојна дејност не се смета дејноста на физичките лица, кои поединечно или здружени се вработени во некое претпријатие и по таа основа примаат плата и се обврзани да се повикуваат на упатствата на работодавецот и подружниците, филијалите или другите поединечни организациони делови на некое претпријатие.